Затворени седум локали кои не ја почитувале мерката на Владата

Секторот за внатрешни работи Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат вчера попладне затвориле седум локали во северниот дел на Скопје кои не ја почитувале одлуката на Владата.

– Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ, информираат од Министерството за внатрешни работи.