Детската болница во Козле се подготвува за евентуално заболени деца од Ковид 19


Детската болница во Козле целосно ќе се подготви да прими деца евентуално заболени од корона вирусот, информира денес на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека сите сега хоспитализирани мали пациенти во овааа болница во текот на денешниот ден и утре ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за детски болести во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Целта, е како што додаде, децата да бидат изолирани од возрасните, доколку има таков пациент, но и од останатите деца со друга патологија кои што се лекуваат на Клиниката за педијатрија.