Децата со температура да се носат во болницата „Козле“


Клиниката за детски болести ги известува сите родители и матични лекари кои ќе имаат итна потреба децата со температура да ги донесат во болница, тоа да го сторат во Институтот за белодробни заболувања „Козле“.

Исто така, ако има деца кои живеат во регионот кој сега е ставен под режим за движење (Дебарско), за преглед да се упатуваат кон Институтот, со претходна најава.

Ова е одлука на Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, со цел да се заштитат децата кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести.

Институтот Козле има капацитет да ги згрижи децата со температура, суспектни на корона вирус и децата кои доаѓаат дебарскиот регион.

Хоспитализираните пациенти кои сега се во Козле се префрлаат на лекување на Клиниката за детски болести.