Нема нови заболени од корона вирус


Министерството за здравство вечерва информира дека и вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку Центарот за јавно здравје Штип е негативен на корона вирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, тестирањето беше повторено. Со тоа сите седум лица тестирани денеска се негативни на вирусот и нема нови пациенти позитивни на корона вирус во земјава.

Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип.

Министерството за здравство информира и дека докторот од Инфективната клиника кој е назначен за координатор на службата за инфективни болести во Дебар е пристигнат во Дебар и веќе е започната анализа на состојбата и координација на активностите околу новите тестирања и новиот план за работа на докторите- епидемиологот и двајцата инфектолози кои се веќе таму.