Скопјанец и четворица кавадарчани обвинети за непостапување според здравствените прописи


  Едно лице од Скопје и четири лица од Кавадарци ќе треба да платат по 2.000 евра, доколку Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за нивно санкционирање поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за издавање казнен налог против …

Скопјанец и четворица кавадарчани обвинети за непостапување според здравствените прописи Read More »

(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус


Сите на некој начин се обидуваме да се заштитиме од корона вирусот, па луѓе кои никогаш во животот не ставиле маска на лицето или ракавици на рацете, сега ги носат секојдневно. Сепак, фоторепортерот на „Независен весник“ успеа да забележи несоодветно фрлање на овие заштитни материјали. Имено, во фонтана во центарот на Скопје фрлена е искористена …

(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус Read More »

Попови го растеруваа корона вирусот во Велес и Кавадарци


Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот. Во Кавадарци се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас.Свештеници ја прочитаа молитвата пред црквите „Света Петка“ и „Свети …

Попови го растеруваа корона вирусот во Велес и Кавадарци Read More »

Нови 29 заразени од корона вирус во Македонија


Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица. Информацијата ја објави министерот Венко Филипче на својот фејсбук профил.

Димитров-Борел: Координација, солидарност и канализирање на поддршката за Западен Балкан од ЕУ


Министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, во светло на донесувањето позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ. Како што соопшти МНР, двајцата изразија големо задоволство од …

Димитров-Борел: Координација, солидарност и канализирање на поддршката за Западен Балкан од ЕУ Read More »

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром


Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари лица „Аеродром“. Како што соопшти Општината, ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид-19. Општина Аеродром, се вели …

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Заев шири лажни вести


По изјавата на лидерот на СДСМ дека единствена што не честитала за одлуката за преговори од Европската Унија е ВМРО-ДПМНЕ, од опозицијата возвратија со обвинување дека шири лажни вести, не споменувајќи ја воопшто честитката. -Дволичноста на СДСМ уште еднаш излезе на виделина. Вчера ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната  одлука на Советот на министри на ЕУ и се …

ВМРО-ДПМНЕ: Заев шири лажни вести Read More »

Двајца заболени од Ковид 19 во Прилеп


Во Прилеп се регистрирани првите два случаја на заразени од коронавирусот, потврдуваат од Центарот за јавно здравје од Прилеп. Според директорот на Центарот, Драгица Николоска, заразените се сопружници на возраст преку 60 години и се префрлени на Инфективната клиника во Скопје. -Сопружниците не биле надвор од земјава, туку нивниот син кој бил на Копаоник, Србија …

Двајца заболени од Ковид 19 во Прилеп Read More »

(Видео) Заев: Лесно им е да се прават фраери без одговорност


  Лидерот на СДСМ Зоран Заев потврди денес на прес конференција дека добил многу честитки, но не и од главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ која го заборави тоа, но не заборави да си препише заслуги. -Ова е успех на нашиот народ, на многу генерации, од независноста досега. Верувам дека сите сме радосни за овој голем успех. …

(Видео) Заев: Лесно им е да се прават фраери без одговорност Read More »

Филипче советува: Држете растојание кога одите во маркет


Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на корона вирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик …

Филипче советува: Држете растојание кога одите во маркет Read More »

Хаџи Ангелковски: Да се зема Сумамед на своја рака не е шега


Родителите имаат голема задача. Децата не можат да ја издржат оваа затвореност. Тоа треба да им се објасни и да бидеме со нив. Има начини со детето да поминеме повеќе време, да разговараме за нивните потреби. Да работиме заедно и да не ги препуштиме работите на тоа дека ќе помине вирусот и готово, изјави во …

Хаџи Ангелковски: Да се зема Сумамед на своја рака не е шега Read More »

Најмногу снег во Ѓуриште, најстудено во Маврови Анови


Најмногу снег утрово е измерен во Ѓуриште каде снежната покривка достигна 31 сантиметар. Следат со 16 см Крива Паланка, 13 Куманово, 12 Маврови Анови, 9 во Пожаране, 8 Штип, 7 Крушево, 5 Лазарополе, 3 во Струмица и Берово, и два сантиметри во Скопје на Зајчев Рид. Како што соопшти УХМР, најниска температура, пак од минус …

Најмногу снег во Ѓуриште, најстудено во Маврови Анови Read More »

Облачно со дожд и снег


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот на места ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до два степени, а дневната температура од еден до 10 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а …

Облачно со дожд и снег Read More »

Куманово без јавен сообраќај, се затвораат и фабрики


Забрана за влез и излез со јавен превоз, редуцирање или затворање на фабриките и продавниците, дополнителни медицински тимови и поголем број на тестирања, ќе се применуваат од денеска во Куманово како дел од зајакнатите мерки што ги донесе Владата за запирање на заканата од коронавирусот. Укинат е градскиот и меѓуградскиот патнички и железничкиот јавен превоз. …

Куманово без јавен сообраќај, се затвораат и фабрики Read More »

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство


Со чартер летови до скопскиот аеродром треба да бидат вратени во земјава повеќето од македонските државјани во странство кои побарале помош од МНР. Тие ќе треба да си ги платат авиобилетите и да прифатат да поминат во карантин 14 дена што го покрива државата. Јавниот повик до авиокомпаниите да се организираат чартер летовите ќе го …

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство Read More »

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ


Европската Комисија во наредните денови треба да започне да ја изготвува преговарачката рамка за преговорите помеѓу ЕУ и Северна Македонија, одлучија вчера министрите за европски прашања на Унијата. Ова е првиот неопходен чекор пред одржувањето на првата меѓувладина конференција, со која се означува отворањето на првото поглавје, или според новата методологија првиот „кластер“. По година …

Северна Македонија ги започнува преговорите за членство со ЕУ Read More »

НБМ со укажување до банките: добивката од 2019 да ја искористат за зголемување на капиталот


Дали годинава банките ќе делат дивиденди? Ова прашање се наметнува откако кризата со корона вирусот ги промени и економските текови во земјава и ги соочи и граѓаните и правните лица со огромна неизвесност. Колкави штети ќе претрпи стопанството допрва ќе се прават пресметки, но од Народната банка, која го регулира банкарскиот сектор во земјава, велат …

НБМ со укажување до банките: добивката од 2019 да ја искористат за зголемување на капиталот Read More »

Две добри вести од ЕУ во еден ден – почеток на преговори и 66 милиони евра помош


Две добри вести од Европската Унија во еден ден за Македонија – првата е што конечно е донесена одлука за пристапни преговори со Унијата; и втората што блокот ќе одвои 66 милиони евра за помош на нашата земја за борба против корона вирусот. Вестите за паричната помош ги соопшти вечерва амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар …

Две добри вести од ЕУ во еден ден – почеток на преговори и 66 милиони евра помош Read More »

Димитров: ЕУ иницијално ќе ни помогне со 69 милиони евра заради кризата од корона вирусот


Европската унија ќе и додели на нашата земја иницијална помош во износ од 69 милиони евра за справување со кризата предизвикана од епидемијата со корона вирусот, рече вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју на ТВ Телма. „Од тоа, 4 милиони евра се за итна поддршка на здравствениот систем, околу 50 милиони евра …

Димитров: ЕУ иницијално ќе ни помогне со 69 милиони евра заради кризата од корона вирусот Read More »

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и кога е криза


Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска остро, па дури и гневно, ги демантираше наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека за само четири дена Министерството за одбрана потрошило 1,4 милиони денари за патувања и ручеци. Нарекувајќи ги лаги. Опозицијата уште наведе дека властите за четири дена за време на кризата со короната потрошиле осум милиони денари за патувања, …

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги и кога е криза Read More »