Попови го растеруваа корона вирусот во Велес и Кавадарци


Денеска попови од Велес качени на камионче и од Кавадарци качени на миниван шетаа низ овие два градови во необичен обид да „го избркаат“ коронавирусот од градот.

Во Кавадарци се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас.Свештеници ја прочитаа молитвата пред црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија”, ваташката црква.

– Покадивме секаде низ градот. Опфативме доста улици. Темјанот да покади секаде. Попрскавме со крстена вода. Секако дека веруваме дека тоа ќе помогне. Ако не веруваме, нема да го правиме, изјави еден од свештениците.