ВМРО-ДПМНЕ: Заев шири лажни вести


Фото: Б. Грданоски

По изјавата на лидерот на СДСМ дека единствена што не честитала за одлуката за преговори од Европската Унија е ВМРО-ДПМНЕ, од опозицијата возвратија со обвинување дека шири лажни вести, не споменувајќи ја воопшто честитката.

-Дволичноста на СДСМ уште еднаш излезе на виделина. Вчера ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави позитивната  одлука на Советот на министри на ЕУ и се надева на што поскоро добивање на датум за прва меѓувладина конференција со земјите членки на  ЕУ.Граѓаните знаат дека Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија. Доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди и време кога ќе заврши ова криминално лудило од СДСМ.

Заев треба да има една цел, а тоа е како да им помогне на граѓаните, затоа што секој живот вреди.Затоа, профитерот Заев наместо да шири лажни вести, да ги засука ракавите и да почне да работи затоа што здравствениот систем крахира. Дури 12 отсто од заболените со корона се доктори и здравствен персонал, што говори дека здравствениот систем кој треба да го штити народот, не е доволно заштитен. А не е заштитен затоа што Заев и Спасовски ги оставија лекарите голораки да се борат против короната, додека Филипче е посветен на тендери, а Заев како да си го дуплира богатството на империјата Заев, стои во реакцијата на опозицијата.