(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Сите на некој начин се обидуваме да се заштитиме од корона вирусот, па луѓе кои никогаш во животот не ставиле маска на лицето или ракавици на рацете, сега ги носат секојдневно.

Сепак, фоторепортерот на „Независен весник“ успеа да забележи несоодветно фрлање на овие заштитни материјали. Имено, во фонтана во центарот на Скопје фрлена е искористена ракавица.

Фото: Б. Грданоски

Треба да се знае дека ракавиците и маските, во време на пандемија, се сметаат за медицински отпад, кој не треба да се одложува заедно со останатиот отпад, а не пак да се фрла во фонтани.