Филипче советува: Држете растојание кога одите во маркет


Одржувајте два метра растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширањето на корона вирусот и спасувате животи. Граѓаните во период на инкубација може да се преносители на болеста, а да не се свесни за тоа. Доколку имате симптоми, не се доближувајте до повозрасните, кои се во најголем ризик од овој вирус, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.