(Во живо) Спасовски, Филипче, Шекеринска и Османи за корона вирусот од почетокот до сега


Денеска, во 13.30 часот, преку онлајн стрим на прес видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: корона вирус МК“ ќе разговараме со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, …

(Во живо) Спасовски, Филипче, Шекеринска и Османи за корона вирусот од почетокот до сега Read More »

Отсега вода ќе се плаќа и преку мобилен


ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие во регионот кое воведува мобилна апликација достапна за Android и IOS. Следејќи го технолошкиот развој ова претпријатие овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација. Со инсталирање на апликацијата се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната …

Отсега вода ќе се плаќа и преку мобилен Read More »

ЗНМ: Мора да се подобри комуникацијата и транспаретноста на владините институции и здравствените центри


Со продолжувањето на вонредната состојба во земјава, ЗНМ смета дека мора да се најде начин за подобра комуникација и транспарентност во односот на владините институции и здравствените центри, a во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање. Здружението на новинарите на Македонија смета дека има голем простор за да се подобри …

ЗНМ: Мора да се подобри комуникацијата и транспаретноста на владините институции и здравствените центри Read More »

Спасовски, Филипче, Османи и Шекеринска со ретроспектива за корона вирусот


Владата денеска во 13:30 часот, преку онлајн стрим организира прес- видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“ на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот …

Спасовски, Филипче, Османи и Шекеринска со ретроспектива за корона вирусот Read More »

Втор ден во карантин, полицијата засилено контролира околу црквите


Граѓаните го минуваат вториот ден од 85 часовниот велигденски карантин, како една од рестриктивните мерки против ширењето на корона вирусот, додека бројот на заразени во државата достигна 1.117, од кои излечени се 139 лица. Државата, според надлежните, влегува во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смее да се дозволи …

Втор ден во карантин, полицијата засилено контролира околу црквите Read More »

Г.Г. Стефан: Покажете трпение, молете се за болните


Празникот на Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот и кон љубовта, која е најголема сила. Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење, истакнува во Велигденското обраќање …

Г.Г. Стефан: Покажете трпение, молете се за болните Read More »

Велигденска честитка на американската амбасадорка Брнс


Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс упати честитка до верниците по повод Велигденските празници упатувајќи порака, во овие околности со коронавирусот да останат дома и да бидат здрави. – Во ова време на обнова и надеж со Велигден, Пасха и Рамазан, од моето семејство за вашето ви посакуваме на сите се најдобро. Останете дома, останете …

Велигденска честитка на американската амбасадорка Брнс Read More »

Тимоние на онлајн средба со Филипче


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние објави дека имал онлајн разговот со министерот за здравство Венко Филипче. Во разговорот амбасадорот му изразил поддршка во борбата против ширењето на Ковид19  и го известил за првите позитивни резултати од мерките во Франција и  испитувањата околу третирањето на заболените. Амбасадорот Тимоние, преку организацијата „Проект ХОУП“ донираше заштитни маски, обувки и  …

Тимоние на онлајн средба со Филипче Read More »

Филипче: Скрининг на антитела на средина или крај на летото


Скрининг на антитела е планиран во нашата стратегија, но не сега, туку некаде на средина или крај на летото, најави министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тестовите, ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од комисијата за заразни болести. – Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме …

Филипче: Скрининг на антитела на средина или крај на летото Read More »

Димитриевски: Никого не сум загрозил со моето однесување


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешната објава на Фејсбук профилот, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, изјавува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје. – Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со …

Димитриевски: Никого не сум загрозил со моето однесување Read More »

Хигиеничарка во Домот за геријатрија заболена од ковид-19


  Една вработена во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров во Скопје која имала симптоми на ковид-19 била тестирана при што се покажало дека е заразена. Како што рече министерот за здравство Венко Филипче, ќе продолжи да се внимава на овој случај, затоа што во ваквите домови сите штитеници речиси се со хронични болни, а …

Хигиеничарка во Домот за геријатрија заболена од ковид-19 Read More »

Кризниот штаб на Куманово и натаму бара целосен карантин


Општинскиот кризен штаб на Куманово побара од Владата, Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје да подготват листа на позитивни и негативни тестови до 17-ти април и да го информираат штабот во рок од 24 часа. Во објавата е наведено дека се бара резултатите од тестовите да се доставуваат до Центарот …

Кризниот штаб на Куманово и натаму бара целосен карантин Read More »

Која земја од регионот има највисока стапка на смртност?


  Највисока стапка на смртност од ковид-19, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во регионот бележи Романија со 5,1 отсто. Следува Албанија со 5 отсто, Словенија и Бугарија со по 4,8 отсто, Северна Македонија со 4.3 отсто, Босна и Херцеговина со 3,7 отсто и Хрватска со 2 отсто. Во Срббија стапката на смртност од корона …

Која земја од регионот има највисока стапка на смртност? Read More »

(Во живо) Прес-конференција на Филипче од изолација


Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва во 19 часот, ќе ја одржи втората онлајн видео-конференција со новинарите, затоа што се наоѓа во домашна изолација. За најновите состојби со ковид-19 Филипче ќе одговара на прашања. Погледнете ја прес-конференцијата во живо:

(Галерија) Верници во Соборниот храм


На Велипеток, денот на погребот на Исус Христос, годинава во црквите се собраа малкумина, поради рестриктивните мерки за заштита од ширење на корона вирусот. Свештениците ги извршија сите обреди, а верниците запалија свеќи. Се внимаваше на растојанието, немаше групирања, но денот се одбележа. Нашиот фоторепортер Борис Грданоски ги забележа најкарактеристичните моменти на чествување на велигденските …

(Галерија) Верници во Соборниот храм Read More »

Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на ковид-19, нема корона вирус


Бебето родено на 14 април во ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК – Скопје. – Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми …

Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на ковид-19, нема корона вирус Read More »

ДСЗИ во вонреден инспекциски надзор во Куманово по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди  директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.Целта е да се утврди дали градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски или можеби некој друг, ќе понесе одговорност што не ги информирал премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министрите за …

ДСЗИ во вонреден инспекциски надзор во Куманово по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19 Read More »

(Фото) Редици пред маркетите, редари пред поголемите дуќани


Некаде со извидници, некаде со полиција или со војска, денеска пред маркетите се воспоставуваше ред за да не дојде до ширење на вирусот корона. На два метри меѓу нив, со маски, ракавици граѓаните се обидуваа да ги набават потребните намирници пред почетокот на најдолгата изолација која ни следи од 16 часот денеска, до 5 часот …

(Фото) Редици пред маркетите, редари пред поголемите дуќани Read More »

Нови 36 случаи со ковид-19, тројца починати


Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-22 – Куманово-4 – Прилеп-3 – Струга-3 – Велес-3 – Битола-1 Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Денеска се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби си …

Нови 36 случаи со ковид-19, тројца починати Read More »

Србија го обнови поштенскиот сообраќај со Северна Македонија


Поштата на Србија го обнови меѓународниот поштенски сообраќај со Северна Македонија, соопштија од ова јавно претпријатие на својата веб-страница. Во соопштението се додава дека приемот и испораката на писма, EMS пратки и пакети се врши и на 55 дестинации низ целиот свет. Во врска со меѓународниот трансфер на пари, Поштата на Србија, во согласност со …

Србија го обнови поштенскиот сообраќај со Северна Македонија Read More »