Тимоние на онлајн средба со Филипче


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние објави дека имал онлајн разговот со министерот за здравство Венко Филипче.

Во разговорот амбасадорот му изразил поддршка во борбата против ширењето на Ковид19  и го известил за првите позитивни резултати од мерките во Франција и  испитувањата околу третирањето на заболените.

Амбасадорот Тимоние, преку организацијата „Проект ХОУП“ донираше заштитни маски, обувки и  комбинезони во вредност од 5.000 евра.