Отсега вода ќе се плаќа и преку мобилен


Фото: Б. Грданоски

ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие во регионот кое воведува мобилна апликација достапна за Android и IOS. Следејќи го технолошкиот развој ова претпријатие овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација.

Со инсталирање на апликацијата се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната апликација можете да пристапите до вашиот кориснички профил, да направите преглед на регистрираните кориснички броеви и доколку имате потреба да додате нов или да ги ажурирате вашите податоци. Со користење на мобилната апликација имате едноставна можност за плаќање на фактури како и за пријава односно ажурирање на состојбата на водомерот, само со внесување на бројот на водомерот и слика од истиот.

Со мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје имате можност брзо, лесно и едноставно да пријавите дефект, но и да се информирате за тековните работи на терен, дефектите, новостите и известувањата дадени од претпријатието.