Велигденска честитка на американската амбасадорка Брнс


Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс упати честитка до верниците по повод Велигденските празници упатувајќи порака, во овие околности со коронавирусот да останат дома и да бидат здрави.

– Во ова време на обнова и надеж со Велигден, Пасха и Рамазан, од моето семејство за вашето ви посакуваме на сите се најдобро. Останете дома, останете на безбедно и останете здрави! Честит Велигден! Среќен Велигден, напиша во својата честитка на Твитер американската амбасадорка Бернс.