Хигиеничарка во Домот за геријатрија заболена од ковид-19


 

Една вработена во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров во Скопје која имала симптоми на ковид-19 била тестирана при што се покажало дека е заразена.

Како што рече министерот за здравство Венко Филипче, ќе продолжи да се внимава на овој случај, затоа што во ваквите домови сите штитеници речиси се со хронични болни, а повеќето се и неподвижни.

„Тука има дијагностицирано вработена којашто е хигиеничарка и после укажувањето дека има симптоми и зголемена телесна температура, направена и е проценка на клиничката слика, направен е тест и нејзиниот тест е позитивен. Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите коишто ги имала со вработените. На дел од колегите и колешките веќе им е препорачана самоизолација, но имајќи во предвид дека домовите за стари лица се едни од местата кадешто навистина треба да се пристапи со исклучително висока доза на внимателност, особено заради тоа што тие стари лица се многу често и неподвижни и со хронични болести, веројатно од следната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на сите коишто се сместени во домовите за стари лица, со цел да се направи една подобра проценка на нивната здравствена состојба“, рече Филипче.

Информираше дека се завршени тестирањата и на вработените во кумановската болница.

– Од 210 вработени, само кај двајца се најдение зголемени антитела и тие ќе бидат тестирани на вирусот. Истото тоа, како стратегија, ќе го спроведеме и во текот на следната недела, посебно во одделенијата и болниците во кои сметаме дека има најголем ризик, истакна Филипче.

Нагласи дека е разговарано со директоркатана болницата во Куманово и договорено е сите седум хоспитализирани да се префрлат на Клиниката во Скопје.

– Понатаму инфективното одделение во Куманово ќе работи така што таму ќе се прави тријажа и проценка на состојбата и понатаму во координација со министеството и директорите на Клиниката за инфективни болести и ГОБ „8-ми Септември“ ќе проценка дали дел од пациентитре ќе бидат упатени во Скопје или ќе се лекуваат во Куманово, истакна Филипче.

Најави дека од следната недела ќе се стават во функција уште две лаборатории во МАНУ и Институтот за судска медицина.

Информираше дека имал разговор со францускиот амбасадот Кристојан Тимоние, за поддршка во вредност од пет илјади евра на Гинеколошко-акушерската клиника преку организацијата „Проект Хоуп“ – како маски, заштитна облека и обувки.

Нагласи дека имал и видео разговор со американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, како и состанок организиран од СЗО. Информираше дека биле разменети мислења и ставови за тоа како се поставени здравствените системи и какви се плановите за понатаму.

– Заеднички е заклучокот дека оваа болест и после пикот на пациенти ќе продолжи да постои и нема да можеме целосно да ја елиминираме и веројатно ќе мора да има посебни делови од здравствениот систем посветени на пациенти кои ќе бидат позитивни на ковид 19 и на пациенти кои нема да бидат, а се со цел да се испланираат капацитетите. Посебно гледајќи перспективно во периодот на периодот на есен или зима кога веројатно сите земји ќе се соочат освен соодветен број пациенти заразени со ковид вирусот и на пациенти со сезонски грип. Ќе треба да се направи сериозна анализа и поставеност на здравствениот систем, изјави Филипче.

Еден од главните заклучоци, посочи бил во насока на поголемо активирање и вклучување на матичните лекари, со цел пациентите што повеќе да се задржат на примарно ниво, за болничките капацитети бидат слободни доколку биде потребна хоспитализација на пациенти со Ковид – 19.