Која земја од регионот има највисока стапка на смртност?


Фото: Б. Грданоски

 

Највисока стапка на смртност од ковид-19, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во регионот бележи Романија со 5,1 отсто.

Следува Албанија со 5 отсто, Словенија и Бугарија со по 4,8 отсто, Северна Македонија со 4.3 отсто, Босна и Херцеговина со 3,7 отсто и Хрватска со 2 отсто.

Во Срббија стапката на смртност од корона вирусот е 1,93 отсто, а најниска стапка има Црна Гора со 1,3 отсто.

Стапката на смртност се смета за најрелевантен споредбен податок кога станува збор за епидемијата од корона вирус, затоа што бројот на заразени во различни земји се добива врз основа на различни податоци, кои даваат поинаков резултат.