ДСЗИ во вонреден инспекциски надзор во Куманово по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска почнал вонреден инспекциски надзор во Куманово во врска со вчерашните настани, потврди  директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова.Целта е да се утврди дали градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски или можеби некој друг, ќе понесе одговорност што не ги информирал премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министрите за здравство и образование Венко Филипче и Арбер Адеми за тоа дека чека резултати од тест за Ковид 19 и во време на чекање на резултатите, отишол на кризен штаб со половина влада. Максимовски потоа имаше и изјава за медиумите. По објавувањето на оваа информација Спасовски, филипче, Османи, како и други ченови на владината делагација, но и новинари и сниматели се во самоизолација.

– Уште сме на терен и во овој момент не можам да ви кажам ништо. Се додека трае надзорот не знам што ќе биде опфатено. Тече надзорот и се што треба да се преземе ќе се преземе. Општо, секој надзор тргнува прво од пациентот, па матичниот лекар, специјалистот, болницата итн. Има многу прашања на кои ќе треба да се даде одговор и во одговарањето на тие прашања ќе бидат вклучени повеќе институции – изјави  Бухова.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, синоќа на Телма телевизија изјави дека тој претпоставувал дека државните институции по службена должност, ќе ги информира владините претставници дека тој и останатите членови на кризниот штаб се тестираат за коронавирус и очекуваат резултати. Тој рече дека е изненаден што толку многу се разговара на тема здравјето на функционерите, а не се разговара за здравјето на граѓаните.