Дури 184 од новозаразените се од Скопје, починаа тројца пациенти


Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 184 -Куманово 13 -Дебар 1 -Штип 13 -Прилеп 12 -Тетово 19 -Струга 6 -Велес 4 -Битола 10 -Охрид 4 -Кавадарци 5 -Гостивар 4 -Гевгелија 5 -Струмица 21 -Крива Паланка 5 -Радовиш 11 -Кочани 17 -Пробиштип 2 -Македонски …

Дури 184 од новозаразените се од Скопје, починаа тројца пациенти Read More »

Рекордни 364 новозаболени, болниците преполни со пациенти со Ковид-19


Во текот на последните 24 часа регистрирани се 364 случаи на Ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека во моментов има и најголем број пациенти во болница, од јуни  наваму. Починати се 3 лица: од Охрид (73), Гостивар (62) и Радовиш (72). Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти. „Есента дојде, состојбата …

Рекордни 364 новозаболени, болниците преполни со пациенти со Ковид-19 Read More »

Филипче: Забрана за семејни прослави, маски и на отворено освен кога се спортува


Забрана за семејни прослави во домовите и надвор од него, задолжително носење маски, марама, шал или друго, секаде при престој на отворено, на затворено се дел од мерките кои здравствените мерки ги предлагаат како заштита од ширење на заразата од Ковид-19, по зголемувањето на дневниот број новодијагностицирани. – Забрана за семејни прослави и собири. Во …

Филипче: Забрана за семејни прослави, маски и на отворено освен кога се спортува Read More »

Дрво падна врз возило во движење кај „Зебра“, кој ќе одговара?


Утрово, врз автомобил во движење падна дрво на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопски Капиштец, во близина на Т.Ц. „Зебра“. Добро е што во инцидентот нема повредени, затоа што дрвото паднало врз хаубата на автомобилот, па возачот останал неповреден. Сепак, возилото е значително оштетено. Овој булевар е под реконструкција од пред два дена. Поради тесните тротоари, …

Дрво падна врз возило во движење кај „Зебра“, кој ќе одговара? Read More »

(Видео) Прес-конференција на министерот Филипче


Денеска со почеток во 14.30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. По рекордниот број заболени, министерот Филипче, по подолго време оржува прес-конференција, на која се очекува да ги соопшти официјалните бројки, но и мерките кои шланираат да се преземат за да се спречи ширењето на заразата.

Американска донација за МВР вредна 460 илјади американски долари


Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз му предаде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски донација за МВР во вредност од над 460 илјади американски долари. Како што појасни минситерот Спасовски станива збор за две донации и тоа медицинска опрема и за лична заштита за припадниците на Единицата за брзо …

Американска донација за МВР вредна 460 илјади американски долари Read More »

Бочварски: Напредува изградбата на автопатот Кичево – Охрид


Посериозна динамика во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, по експропријацијата на сите делници, најавува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Дополнителните работи со препроектирање на косините, клучки и други зафати, како што оценува, нормално дека ќе го одложат рокот за изградба, а којшто е планиран за јуни следната година. – Процентот на реализација на автопатот …

Бочварски: Напредува изградбата на автопатот Кичево – Охрид Read More »

Спасовски: Нема ситни и крупни риби, најмногу внимание треба да се посвети на високата корупција


Нема ситни и крупни риби, има оние што се криминалци и оние што не се, меѓутоа секако дека најмногу треба внимание да се посвети на високата корупција, на оние луѓе кои се вклучени во институциите на сиситемот и кои практично соработуваат со оние, што ги нарекувате ситни риби. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни …

Спасовски: Нема ситни и крупни риби, најмногу внимание треба да се посвети на високата корупција Read More »

Законот за попис не се враќа во владина процедура, ќе се интервенира со амандмани


Владата до Собранието испратила предлог закон за попис и тоа во идентична форма како што беше во собраниска процедура во претходниот парламентарен состав. Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува за законот поддршка да даде и опозицијата и тој да биде донесен навреме со цел пописот да се одржи во април наредната година. Во однос на …

Законот за попис не се враќа во владина процедура, ќе се интервенира со амандмани Read More »

Дане Талески реферираше во Комисија за надворешни работи што ќе работи како амбасадор во НАТО


Новиот амбасадор на македонија во НАТО, Дане Талески, денеска ја претстави својата платформа пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи. Талески пред нив рече дека со квалитет ќе го оправда членството на Северна Македонија во НАТО. Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа денеска пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ОН го …

Дане Талески реферираше во Комисија за надворешни работи што ќе работи како амбасадор во НАТО Read More »

Царовска во Дојранско: Почитувајте ги протоколите и создавајте заедништво


Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Дојран Анго Ангов денеска го посетија основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран каде се одвива настава со физичко присуство на ученици од прво до петто одделение. Увид како стартуваше учебната година направија и во новото училиште во Ѓопчели, во кое се инвестирани 4,5 милиони …

Царовска во Дојранско: Почитувајте ги протоколите и создавајте заедништво Read More »

Експлозивниот и отровен винил-хлорид од ОХИС однесен во Германија


Експлозивниот и отровен течен материјал винил-хлорид  конечно е дислоциран од кругот на ОХИС. Пренесен е во Германија каде ќе биде уништен. Како што соопштија од Министерството за екологија, со ова целата постапката за отстранување на овој материјал од ОХИС е комплетно завршена. Цистерната со винил-хлоридот била товарена на камион кон крајот на минатата недела, а …

Експлозивниот и отровен винил-хлорид од ОХИС однесен во Германија Read More »

Од 1.203 заразени со Ковид-19 најмногу на возраст над 60 години


 Од 1.203 заразени со Ковид-19 во периодот од 28 септември до 4 октомври најголем број – 239 (19,9 отсто) се лица на возраст над 60 години, 222 (18,5 отсто) од 30 до 39 години, 220 (18,3 отсто) од 40 до 49 години, 200 (16,6 отсто) од 50 до 59 години, а 194 (16,1 отсто) на …

Од 1.203 заразени со Ковид-19 најмногу на возраст над 60 години Read More »

ЗНМ за извештајот на ЕК: Некои медиуми се уште се орудие на партиски центри


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) укажува дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, а во делот поврзан со слободата на изразување се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна …

ЗНМ за извештајот на ЕК: Некои медиуми се уште се орудие на партиски центри Read More »

Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини


Различни се реакциите на граѓаните во однос на поставувањето на подигнатите пешачки премини во Куманово, вели кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, но општината ќе продолжи со поставување на овие средства за намалување на брзината на возилата, со цел поголема безбедност на пешаците. Од една страна има група граѓани кои постојано бараат поставување на т.н. „лежечки полицајци“, …

Куманово ќе продолжи со поставување на подигнати пешачки премини Read More »

Во изолација 53 ученици и осум наставници од почетокот на учебната година


Вкупно 53 ученици и осум наставници се во изолација од почетокот на учебната година досега. Министерството за образование и наука соопшти дека во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно со протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширење вирусот и да се заштитат останатите …

Во изолација 53 ученици и осум наставници од почетокот на учебната година Read More »

Уште 22 првачиња  во изолација во ОУ „Гоце Делчев“  во Центар


Во две паралелки од основното училиште „Гоце Делчев“ во изолација се уште 22 првачиња, покрај 17-те други за кои беше соопштено вчера. Општина Центар информира дека мајка на едно од првачињата, која е и наставник во училиштето, иако веќе неколку дена имала симптоми на коронавирусот и не одела на работа, детето го носела на настава. …

Уште 22 првачиња  во изолација во ОУ „Гоце Делчев“  во Центар Read More »

(АУДИО) Две нови „бомби“ за затворањето на А1 ТВ


На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“. Овој пат станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија, објави Нова ТВ. Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната …

(АУДИО) Две нови „бомби“ за затворањето на А1 ТВ Read More »

Винил хлоридот од ОХИС стигна во Германија, ќе биде согорен


Цистерната под притисок со Винил Хлорид Мономер безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја, информира Министерството за животна средина, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина. Согласно известувањето добиено од фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина кој го надгледуваше целиот процес, …

Винил хлоридот од ОХИС стигна во Германија, ќе биде согорен Read More »