Американска донација за МВР вредна 460 илјади американски долари

Фото: Б. Грданоски

Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз му предаде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски донација за МВР во вредност од над 460 илјади американски долари.

Како што појасни минситерот Спасовски станива збор за две донации и тоа медицинска опрема и за лична заштита за припадниците на Единицата за брзо распоредување при МВР во вредност од околу 250 илјади долари од војската на САД и за Секторот за компјутерски криминал во МВР во вредност од над 210 илјади долари од американската владина прогрмаа за борба против теоризмот АТА.

– Станува збор за материјални средства за хардвер и софтвер, што несоменено уште повеќе ќе ги подигнат стандардите во полициските организациски  единици и дополнително ќе не прибилжат до посакувана цел, а тоа градење и етаблирење кредибилно модерно технички и кадровски и динамична полиција која ќе биде подготвен да се соочи со какви и да е задачи поставени пред неа, рече Спасовски.

Тој истакна дека денешниот чин и мноштво вакви настани во изминатите две ипол децении, претставуваат силен и недвосмислен доказ за нашето цврсто партнерство со Владата на САД, со нејзините институции, кои сите овие години ни ја даваат својата максимална поддршка и помош во реформските зафати и во осовременување на капацитетите на МВР.

Според Спасовски, ова е уште еден показател за заедништвото во остварување на стратешките цели на С. Македонија, наше целосно евроатлантско интегрирање, а дел од тој  пат, , потенцира, е успешно изоден со влезот во НАТО.

– Сето тоа претставува потврда за заедничките вредности што ги споделуваме и за заедничките цели што ги имаме, изјави министерот Спасовски.

Фото: Б. Грданоски

Тој потсети дека Програмата АТА кај нас е присутна и се реализира уште од 1996 година и при тоа во континуиран процес на реализација веќе се инвестирани над 9,5 милиони американски долари покрај огромната техничко-материјална помош, беа реализирани бројни обуки и професиониални едукации на околу 600 припадници на полицијата. Севкупно, сето тоа, како што рече, во насока на професионално осовременување и надградба на полициските служби при МВР, односно безбедносниот сектор како еден од клучните општествени фундаменти во развојот и просперитетот на државата.

Министерот Спасовски наведе дека продолжува континуиранта поддршка од Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД, која преку програмата „секшн 333“ издвои повеќе од три милиони американски долари за набавка на опремата, возилата и обуките. Наведе дека досега се реализирани и неколку обуки.

Амбасадорката Брнз нагаси дека на денешниот настан потврда за партнерството меѓу двете држави.

– Денешниот настан е само уште пример на заложбата на Владата на САД да помогнат во засилувањето на безбедносниот сектор на Северна Македонија, како инвестиција во еден силен соработник во НАТО сојузот и непоколеблив партнер  во справувањето со  тероризмот и сите форми на оргнизиран криминал, изјави амбасадорката Брнз.

Таа изрази благодарност до сите полициски службеници кои, како што рече, посветено и професионално служат низ целата земја. Благодарение на вас, потенцира Брнз, сите ние во Северна Македонија сме безбедни и со тоа придонесуваме кон безбедноста во пошириокиот регион.

Фото: Б. Грданоски

– Северна Македонија продолжува да биде извонреден партнер во борбата против тероризмот. Неодамнешната значајна анти-терористичка акција на МВР е само уште еден показател на посветената работа на Владата во решителното справување со тероризмот и тешките облици на криминално однесување, истакна американската амбасадорка.

Преку успешното планирање и високо професифоналното спроведување на акцијата, според амбасадорката Брнз, уште еднаш се потврди  вредноста на континуираната соработка во обезбедувањето обука и помош во борбата против тероризмот меѓу двете земји.

–  Опремата која Владата на САД денеска ја донира е само дел од целокупната заложба за продлабочување  на нашето партнерство. Во моментот кога условите за патување и здравествената ситуација тоа ќе го дозволат, ќе продолжиме со спроведување  на програмите за обука со физичко присуство. Менторите од АТА програмата повторно ќе се вратат во Северна Македонија и ќе продолжат со својата мисија на професионална поддршка  на Секторот за компјутерски криминал  и дигитална форензика, како и на Секторот за борба против тероризам при Одделот за  за организиран криминал во БЈБ, информира Брнз.

Донираната компјутерска опрема, посочи амбасадорката, ќе помогне во подобрување на нивната важна работа на процесуирање и анализа на дигитални докази.

Исто така, Брнз информира дека преку Департментот за одбрана на САД денеска донираат и медицинска опрема што вклучува преку 800 индивидуални комплети за прва помош, торби со опрема за траума наменети за полициски медицински лица, како и медицинска опрема за обука. Опремата, рече, ќе биде од полза на полициските службеници на терен, во фронталните линии, во подобрување на нивната подготвенсот да одговорат на случаи на траума и спасување животи.