Дане Талески реферираше во Комисија за надворешни работи што ќе работи како амбасадор во НАТО


Новиот амбасадор на македонија во НАТО, Дане Талески, денеска ја претстави својата платформа пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи. Талески пред нив рече дека со квалитет ќе го оправда членството на Северна Македонија во НАТО.

Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа денеска пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ОН го претстави Теута Агаи–Демхаја, а реферираа и амбасадорите во Данска, Фатон Бејта, и во Катар, Шабан Јашари.

Во текот на следните денови Комисијата ќе се состане за да ги слушне и платформите на останатите предложени амбасадори. Постојан претставник при Советот на Европа во Стразбур ќе биде Светлана Гелева. За амбасадор во Атина е предложена Лидија Бошковска, во Тирана Данчо Марковски, во Нур Султан (Казахстан) Сали Лимани, во Приштина Шпреса Јусуфи. Во Ватика ќе оди Марија Ефремова, во Чешка Сашко Тодоровски, во Jапонија Горан Цеков, во Србија Васко Грков, во Австралија Билјана Стефановска-Сековска, во Холандија Бети Јачева и во Естонија Драган Јорданов.