(АУДИО) Две нови „бомби“ за затворањето на А1 ТВ


На Јутјуб каналот Fenix A1 се објавени две нови „бомби“. Овој пат станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија, објави Нова ТВ.

Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска а во разговорот на интерфон учествува и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски.

Втората „бомба“ открива разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.

Шврговски обвиниението протов А1 го креира во кабинетот на премиерот Груевски.

Во првиот како што се тврди во објавата разговараат тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Во разговорот на интерфон учествува и тогашниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Од разговорот кој се слуша се открива дека целта на случајот “Пајажина” не била да се наплатат парите кои наводно ги должи А1 Тв тука дека главна цел на таа операција била затворањето на тој медиум.

Според кажувањето на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, Управата за јавни приходи немала за цел да го наплати долгот од 7 милиона евра кои според властите бил стакнат на основа на затајување данок туку дека целата операција се водела со цел да се угаси А1 Тв.

Никола Груевски ја бара Гордана Јанкуловска за да ја праша зошто не се одземени пари од сметката на А1 Тв. Не е јасно од разговорот во кое својство Гордана Јанкуловска учествува во овој разговор со оглед на фактот што станува збор за проблематика која е надвор од најзините ингеренции како министер за внатрешни работи.