Истражување: Подобрени вештините, но намалено задоволството од онлајн-наставата во првото полугодие


Подобрено е користењето на дигиталните алатки во реализирање на наставата на далечина во средните училишта во првото полугодие од 2020/2021 за разлика од трите месеци од претходната 2019/2020 откако училиштата беа затворени поради пандемијата. Таков став имаат 67 отсто анкетирани наставници во истражувањето колку е подобрена онлајн-наставата од лани, кое го спроведе Здружението „Лидери за […]

Уште вечерва и утре претпладне слаб снег, следува период на сончево и топло време


Слаб снег во одредени делови од земјава се очекува уште вечерва и утре претпладне по што ќе следува период на повремено сончево и тивко време со пораст на дневните температури. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека повремено слаб снег ќе има во вечерните и во ноќните часови во северните и во источните делови од државата, […]

Вакцинацијата за сега ќе се одвива во Модуларната болница во Скопје, понатаму и во другите градови


За сега планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Министерот очекува за период од една недела […]

Филипче: Вакцините се безбедни, ќе се вакцинам во некоја од следните тури


Не сакам да заземам место од овие првични дози на вакцини, кои се навистина броени, на колегите кои директно работат со пациентите. Ќе се вакцинирам во некоја од следните тури на вакцини, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање. Министерот посочи дека вакцините се безбедни, со развиени безбедни платформи, и се […]

(Видео) Почнува вакцинацијата во Македонија – Добринка Јовановска и Габриела Темелковска први примија вакцина


Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје ќе почне процесот на имунизација во земјава. Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19. -Безболно е и се чувствувам одлично. Препорачувам сите […]

Заев: Дарувањето органи е највисок акт на човечност и хуманост


 Премиерот Зоран Заев денеска, преку видеообраќање, испрати порака до сите граѓани за важноста од донирање органи и ткива како начин за спасување нечии животи. Заев порачува дека дарувањето органи е највисок акт на човечност и хуманост. И тој лично, како што вели, е подготвен на ваков чин за што разговарал со своето семејство и оставил […]

Шекеринска на состанок на НАТО министри за одбрана


Министерката за одбрана Радила Шекеринска, денеска и утре ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво – министри за одбрана преку заштитена видео-конференциска врска. Шекеринска заедно со министрите за одбрана на 29-те сојузници во Алијансата ќе разговараат за клучните активности на Алијансата и глобалните предизвици. Воедно, министрите за одбрана на земјите членки на НАТО […]

Најстудено во Битола -22 и во Берово -20 степени


Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови. Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени. УХМР информира дека на Попова Шапка има […]

Презентација на резултатите од анализа на моделот на далечинско учење во средните училишта


Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР) и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска преку платформата ЗУМ ќе ги презенитараат резултатите од анализата „Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебата 2020/2021 година“. На презентацијата ќе се обрати официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во […]

Сончево, ведро и студено


Времето во земјава изутринава ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Утринската температура ќе се движи од -16 […]

Засега нема влошување на состојбата од британскиот сој


Засега не треба да се размислува за други мерки и рестрикции за спречување на ширењето на британскиот сој на Ковид-19 вирусот, изјави министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител. – Иако бројките не се ниски нема драстичен скок, нема голем кластер низ градовите. Ја следиме состојбата во Скопје и […]

Филипче: Со вакцинацијата против Ковид-19 почнува последната фаза во битката со пандемијата


Утрешниот старт на вакцинацијата против Ковид-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата, истакна министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизијата Сител. – Се подготвувавме согласно сите препораки, од сите соодветни здравствени меѓународни институции, СЗО, производителите. Така го димензиониравме нашиот систем. Едноставно, го надградивме постоечкиот […]

Град Скопје ги враќа имињата на улиците – и „Леб и сол“, „Бис без“ и Дејвид Боуви добиваат шанса


Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа […]

Не може да има простување за нелегалното прислушување, рече обвинителката Ристоска


„Главното прашање не е како се прислушувало, туку кој стои зад скандалот“, нагласи обвинителката Ленче Ристоска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“   На крајот од завршните зборови на обвинителството Ленче Ристоска денеска побара максимална за обвинетите во случајот на масовното прислушување познат како „Таргет-тврдина“ затоа што е направена масовна злоупотреба на правата на граѓаните […]

Усвоен извештајот за Охридскиот регион што ќе биде испратен до УНЕСКО


Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство. Како што информира владината Прес-служба, Владата ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за […]

Нови 358 инфекции, бројот на починати надмина 3.000


Пандемијата со корона вирусот е на стабилно ниво, но не се намалува. Во последните 24 часа има 358 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.275 тестирања, што е 15,17 отсто од тестовите. Тоа е во рамките на просекот во текот на неделата, ако се исклучат двата дена од викендот кога генерално има помалку тестирања. Починаа […]

Над 50 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата, а 23.808 преку матичните лекари


Вкупно 50.200 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 23.808 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе […]

Маричиќ пред амбасадорите на ЕУ: Државата интензивно работи на пописот и реформите во правосудството


Подготовките за спроведување на пописот биле тема на денешиот состанок на министерот за правда Бојан Маричиќ со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, на кој присуствувале и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами. Како што соопшти Министерството за правда, по носењето на Законот и објавувањето […]