МОН: Бојкотот неоправдан и на штета на матурантите


Министерството за образование и наука и Владата се должни и ќе ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 учениците коишто ја пријавија да ја полагаат и да продолжат да учат и да се запишат на факултет. Неодоговорно е да им се ускрати правото на оние кои решиле да продолжат на факултет. […]

Заев: Пописот ќе се спроведе со нова методологија, која во еден дел вклучува и електронски попис


Пописот 2021 во Северна Македонија ќе се спроведе со нова методологијата која првпат ќе се применува кај нас и која во еден дел вклучува и електронски попис. Овој комбиниран модел е познат во светската пракса и е во согласност со препораките на ОН и Евростат, напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук.   Премиерот посочува […]

Регистриран земјотрес, епицентарот кај Кичево


Земјотрес со јачина од 3.0 степени по Рихтер регистриран е денеска во 11:24 часот, во западниот дел на државава. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е лоциран на седум километри од Кичево, на длабочина од два километри.

Милевски: Обнова и нова опрема за болницата „Свети Еразмо“ во Охрид


Со нова опрема и реновирање Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе прерасне во современ центар за физикална терапија. Тоа го изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски при посетата на Охрид, потсетувајќи дека станува збор за единствената болница во Југозападниот плански регион од таа област, истовремено и единствената здравствена установа […]

Сојуз на средношколци: Од утре, матурантите, продолжуваат со бојкот на наставата


Сојузот на средношколци, по вонредната седница на Генералното собрание одржана синоќа, соопшти дека е  одлучено да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите и следната недела. „Исто така, наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека […]

Прекинато водоснабдување на булевар „Видое Смилевски Бато“


Поради уличен дефект ф200мм на бул.„Видое Смилевски Бато“ бр.15 , прекинато водоснабдување, денеска од 11:00 часот ќе имаат корисниците на бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.1 до 37 и зградите со бр.51 и 55 висока зона. Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде се до санирање на дефектот.

Продолжува акцијата за собирање стакло на „Пакомак“


Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ и оваа година ја продолжи акцијата за собирање стакло. Целта е да се поттикне население селективно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината. Граѓаните […]

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“ почнува дијалог со компаниите за отворање барани профили во стручните училишта


Министерството за образование и наука денеска информира дека почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и […]

Сообраќајот по суви коловози, внимателно возење поради утринска магла и можни одрони


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се […]

Облачно со дожд во попладневните часови


Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи информира. Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува […]

Британскиот сој на коронавирусот откриен уште кај двајца пациенти


Британскиот сој на коронавирусот е детектиран уште кај двајца пациенти во земјава. Пациентот што починал имал коморбидитет, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен, соопштија од Министерството за здравство.   Како што објавија дел од медиумите, починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на КОВИД-19 добил на 4 […]

Филипче: Спремни листите на здравствени работници и хронично болни кои први ќе се вакцинираат


Министерот за здравство Венко Филипче на барање на телевизија Телма, говореше за Националната стратегија за вакцинација која ја изработија Министерството за здравство и Националната работна група за вакцинација, а Владата ја усвои на 26 јануари 2021 година. Стратегијата е изработена врз основа на постојните препораки и основните принципи на СЗО, Стратешка советодавна група на експерти […]

Прва жртва на британската мутација на вирусот во Македонија


Регистриран е првиот починат од британскиот сој на корона вирус во Македонија. На осми јануари влегува во црниот здравствен билтен, а четири дена претходно е хоспитализиран во приватна болница, пренесува ТВ24. Освен овој охриѓанец, кај кого се регистрирани претходни хронични заболувања, во лабораторијата за генетика во „Жан Митрев“ клиниката е забележан уште еден случај на […]

Од Ковид-19 починаа седум пациенти, новозаразени се 325


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.589 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 151, Тетово – 27, Кавадарци – 17, Охрид – 16, Велес – 14, Куманово – 13, Делчево – 11, Битола – 9, Струга – 9, […]

Филипче: Во февруари ќе пристигнат вакцините


Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека системот е подготвен за вакцинација и дека вакцини против Ковид 19 ќе пристигант во февруари. „Со Фајзер разговарав во текот на вчерашниот ден во однос за документацијата која што им беше потребна, луѓето од Регионалната канцеларија во Белград потврдија дека во текот на […]

Утре и задутре дожд, во среда стабилизирање на времето


Времето утре претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои пак во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува […]

Хоспитализирани нови 43 пациенти во ковид центрите во Скопје


Нови 43 пациенти се хоспитализирани изминативе 24 часа во ковид центрите во Скопје, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 22 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 […]

Сојузот на средношколци и во понеделник нема да се вклучи на настава, бараат поддршка од пратениците


Очекуваме и бараме поддршка од сите пратеници и сите политички партии за нашите барања во врска со државната матура, затоа што овие барања не смеат да бидат политизирани, изјави денеска претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи по состанокот што Сојузот го одржа со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Како што информира Ходаи, Генералното собрание на […]

Маричиќ разговарал со една од жртвите на „Јавна Соба“, нови законски измени за дополнителна заштита за вакви случаи


Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретнал и разговарал со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“. Како што соопштија од Министерството, Маричиќ и честитал на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика навистина силна општествена реакција. Исто така, од Министерството за правда посочија дека […]

Македонците масовно ги откажуваат аранжманите во Банско и Боровец


Хотелиерите од трите зимски одморалишта – Банско, Боровец и Пампорово се пожалија на масовно откажување на резервации поради воведувањето задолжителен негативен  тест за Ковид-19 за оние кои влегуваат во Бугарија по 29 јануари. Мерката е воведена по наредба на министерот за здравство Костадин Ангелов заради  ограничување на ширењето на коронавирусот. Негативниот PCR тест за влез […]