МГ „Фешн“ нуди да изгради плоштад и фонтана на паркингот спроти „Холидеј ин“


За да се најде заедничко решение за просторот спроти хотелот „Холидеј ин“ во Скопје инвеститорот МГ „Фешн“ нуди да инвестира во изградба на плоштад од 7.322 квадратни метри кој се наоѓа во градежната парцела 1.4.

Според важешкиот ДУП на оваа градежна парцела ссе предвидува фонтана со спомен обележје. Инвеститорот нуди решение за парцелата е уредување на просторот со парковско зеленило во кој ќе има современа фонтана.

Според планот, површината на градежната парцела 1.4 е со приближна големина како и плоштадот „Македонија“. Според архитектите тоа ќе значи заживување и модернизирање на овој дел од центарот на градот. Според планот на инвеститорот, граѓаните кои се сопственици на приватните парцели од ГП 1.4, предвидено е обештетување во истиот сооднос како и за останатите сопственици чии парцели се опфатени со новите објекти.

Дополнително, компанијата изрази подготвеност за соработка со Град Скопје, со Шумарскиот факултет и со зелените организации да подготви решение и да инвестира и во обновување на делот од Кејот 13 Ноември кој се протега по должина на локацијата. Според она што беше изјавено на вчерашната прес-конференција, МГ „Фешн“ сака заедно со сите засегнати страни да се најде најдобро решение за овој простор.