Филипче: Забрана за семејни прослави, маски и на отворено освен кога се спортува


Фото: Б. Грданоски

Забрана за семејни прослави во домовите и надвор од него, задолжително носење маски, марама, шал или друго, секаде при престој на отворено, на затворено се дел од мерките кои здравствените мерки ги предлагаат како заштита од ширење на заразата од Ковид-19, по зголемувањето на дневниот број новодијагностицирани.

– Забрана за семејни прослави и собири. Во еден стан или домаќинство најмногу четири гости, покрај членовите на семејството кои живеат таму. Сериозен број од новозаразените се токму од ваков тип на забави. Со ова ќе се избегне забавите од кафулиња да се префрлат дома – смета Филипче.

Со новите мерки се предлага и забрана за групирање на јавен простор по 22 часот на повеќе од четири лица. Забрана за собирања на поголема група по паркови, бензиски пумпи и било каде на отворено.

Задолжително носење маски, марама, шал или друго, секаде при престој на отворено и на затворено, во јавен и приватен транспорт, на работа, во маркети, освен при спортување на отворено. Отстапки има и за приватните возила во кои се возат членови на едно домаќинство. Отстапка и при престој во ресторан, но со запазување на протоколите.

Исклучок се децата до 6 години, односно претшколска возраст, кои не мора да носат маска.

Овие мерки ќе бидат предложени до Владата, која треба да одлучи дали ќе се воведат.