Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите


Вкупно 78 случаи на Ковид-19 беа регистрирани во текот на вчерашниот ден. Иако бројката е значително помала во однос на претходните недели, сепак надлежните предупредуваат дека есенските денови се ризичен период во кој треба да внимаваме. Бројката, пак, на новозаразени во соседните земји се зголемува и поради тоа, можно е воведување нови мерки за влез …

Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите Read More »

Нестабилно време со повремен пороен дожд и ветер


Времето претпладне и околу пладне ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено долж Повардарието, што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над …

Нестабилно време со повремен пороен дожд и ветер Read More »

Шилегов го победи корона вирусот, утре се враќа на работа


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва објави на Фејбук дека го победил коронавирусот и дека утре се враќа на работните обврски. „Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен. И официјално, невидливиот противник е победен. Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите …

Шилегов го победи корона вирусот, утре се враќа на работа Read More »

Мицкоски: Треба да ѝ се заблагодарите на братска Унгарија што му дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ


Во дебатата на МРТ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара од Зоран Заев да јавно да ѝ се заблагодари на Унгарија затоа што му дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски утврдувањето на нацрт-преговарачката рамка му го припиша целосно на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, а ја исклучи Европската комисија. „Ова е преговарачка рамка која излегува од …

Мицкоски: Треба да ѝ се заблагодарите на братска Унгарија што му дава поддршка на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Заев до Мицкоски: Ние објавувавме „бомби“ на прес конференции, не се криевме зад порталии на Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се спротивстави на тврдењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека во Македонија нема веќе прислушкување од државата, давајќи го својот универзален одговор – дека ќе дојде 15 јули и потоа ќе се знае што се случувало во државата, алудирајќи на можноста неговата партија да дојде на власта. -Ние сите …

Заев до Мицкоски: Ние објавувавме „бомби“ на прес конференции, не се криевме зад порталии на Заев Read More »

Заев најави медал за храброст за медицинските лица вклучени во пандемијата


И претседателот Александар Вучиќ кажа дека Македонија има најтранспарентно ги објавува бројките околу пандемијата без било какви калкулации.  Министерот Венко Филипче има иницијатива од јули да ги награди со 10 отсто сите медицински лица што се вклучени во борбата со ковид- 19  и да им се даде медал за храброст, најави лидерот на СДСМ, Зоран …

Заев најави медал за храброст за медицинските лица вклучени во пандемијата Read More »

На море во Дојран (галерија)


Во стар чун или под сламен чадор, на кејот или со крапче во чинија, ќе уживаме ова лето во Дојран како на море. Досегашната практика, да се преспие во Дојран пред да се замине во Грција ќе почека до отворање на границите и за нас,и за туристите од регионот, а дотогаш ќе се капеме во …

На море во Дојран (галерија) Read More »

Заев: Не очекувам интервенции во Преговарачката рамка за ЕУ


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека не очекува интервенции во Преговарачката рамка за членство во ЕУ, која е веќе на маса.  -Нормално е дека во Преамбулата стојат и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија, затоа што тоа е преземена обврска од наша страна да се реализира до крај низ годините …

Заев: Не очекувам интервенции во Преговарачката рамка за ЕУ Read More »

Само едно лице во карантин се пријавило за гласање


Од околу 3.700 активни случаи на Ковид-19 во Македонија, само едно лице се пријавило да гласа. Заразените граѓани и оние кои се во изолација треба да се пријават најдоцна до 8 јули во Општинските изборни комисии за остварување на правото на глас од дома. Остануваат уште два дена до истекот на рокот. Овие граѓани, правото …

Само едно лице во карантин се пријавило за гласање Read More »

Се подготвува уште една монтажна амбуланта за корона


Целосно се заврши инсталацијата за довод на кислород во Модуларната болница и таа е подготвена да прими пациенти и таму нема потреба да се носат боци со кислород. Заврши постапката за ист таков тип модуларна амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија за следниот период, за да се направи уште еден центар за …

Се подготвува уште една монтажна амбуланта за корона Read More »

Во штипскиот регион се шири вирусот меѓу контактите


Нови 17 позитивни случаи на Ковид 19 во штипскиот регион. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека новите случаи се контакти на веќе заразените. Токму поради ова епидемиолозите новите слуачи не ги препознаваат веќе и по кластери. -Нема веќе кластери и правила на ширењето на вирусот, новозразените се контакти и ги има …

Во штипскиот регион се шири вирусот меѓу контактите Read More »

Филипче: 26 отсто од болните со Ковид-19 имаат над 60 години


Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 20 до 28 јуни, споредено со претходната недела, се регистрирани 303 помалку нови случаи со Ковид-19, осум помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени. Изминатата недела има вкупно 860 случаи, што е значајно помалку од 1.000 случаи во просек во претходните три недели. Што значи и минатата …

Филипче: 26 отсто од болните со Ковид-19 имаат над 60 години Read More »

МОН подготви концепт за далечинско учење од септември, предлози и сугестии до петок


Министерството за образование и наука објави нацрт-верзија на Концепт за развивање систем за образование од далечина во основните и во средните училишта во земјава. Изработката на документот е иницирана од промените во начинот на реализација на воспитно-образовниот процес на глобално ниво поради пандемијата предизвикана од појавата и ширењето на вирусот КОВИД-19. – Концепцијата треба да обезбеди …

МОН подготви концепт за далечинско учење од септември, предлози и сугестии до петок Read More »

Филипче: Можно е да предложиме мерки за границите


Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека следните денови Комисијата за заштита од заразни болести ќе ја следи состојбата со развој на инфекцијата со Ковид-19 во Србија и Косово и ако се оцени дека има потреба ќе се разгледа можноста за воведување на одредени мерки за границите. „Можно е да предложиме …

Филипче: Можно е да предложиме мерки за границите Read More »

УХМР: Дождот утре ќе „удри“ во градските средини


Најавеното нестабилно време со локални поројни врнежи дожд нема да предизвика излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, соопшти УХМР. Според Управата, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците. -Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе продолжи …

УХМР: Дождот утре ќе „удри“ во градските средини Read More »

Филипче: Наесен вирусот побрзо ќе се шири


– Наесен вирусот ќе биде посилен и побрзо ќе се шири. Луѓето нема да може да бидат надвор. Ќе бидат внатрек каде инфекцијата може побрзо да се шири – вели министерот за здравство Венко Филипче. За да се подготви здравствениот систем, Филипче разговарал со директори на болници од повеќе градови. Исто така се размислува студентските …

Филипче: Наесен вирусот побрзо ќе се шири Read More »

Филипче: Кризата со корона вирусот секаде ескалираше


Во изминаттите 10 дена, кризата со корона вирусот секаде ескалираше, изјави министерот за здравство Венко Филипче. На прес-конференција тој рече дека во регионот секаде расте бројот на новзаболени, па така, во Србија има преку 300 случаи на ден, Бугарија преку 150, Хрватска 86, Албанија 70, Косово преку 100 случаи на ден итн. – СЗО извести …

Филипче: Кризата со корона вирусот секаде ескалираше Read More »

(Видео) Прес на министерот Филипче


Министерот за здравство Венко Филипе, денеска треба да одржи прес-конференција во 14 часот. На конференцијата Филипче ќе ги изнесе најновите сосотојби со корона вирусот, како и понатамошните чкори во справување со епидемијата.

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати и рекорден број оздравени – 172


Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-3, Виница-1, Свети Николе-5. Починати се  пет пациенти, тројца од Скопје, еден од Куманово и еден од Струга. Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица …

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати и рекорден број оздравени – 172 Read More »

Гаврил Бубевски позитивен на корона вирус, Фатиме Фетаи во изолација


Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше дел од поранешното специјално обвинителство во следните 14 дена ќе биде во самоизолација откако нејзиниот колега обвинителот Гаврил Бубевски бил позитивен на коронавирусот, објави Фактор.мк. Оваа ситуација го одложи утрешното рочиште за случајот Монструм односно убиството кај Смилковско езеро. Фетаи нема да присуствува нити на судењето кое беше закажано за …

Гаврил Бубевски позитивен на корона вирус, Фатиме Фетаи во изолација Read More »