Заев најави медал за храброст за медицинските лица вклучени во пандемијата


И претседателот Александар Вучиќ кажа дека Македонија има најтранспарентно ги објавува бројките околу пандемијата без било какви калкулации.  Министерот Венко Филипче има иницијатива од јули да ги награди со 10 отсто сите медицински лица што се вклучени во борбата со ковид- 19  и да им се даде медал за храброст, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на ТВ дуелот на МРТ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На забелешката на Мицкоски, дека за среќа на граѓаните, од 15 јули не ќе имаат можност да решаваат за било што и дека на нивно место ќе дојдат  компетентни луѓе кои ќе можат да се справат со епидемијата, бидејќи сме рекордери во бројот на заразени и по бројот на умрени од епидемијата, Заев одговори дека ова е веќе видено однесување на лидерот на опозицијата и дека од почетокот на кризата тој го негира нашето здравство и медицинските лица кои работат посветено по 24 часа на ден.

„Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние често ги објавување  бројките, транспаретни смево врска со корона вирусот… Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста. Лекарите и сите медицински сестри се храбри јунаци кои работат 24 часа на ден, насекаде, низ сите болници. Мене ми е драго што успеваат да спасат пациенти од респиратори, што нема метежи низ болниците, што имаат направено систем на ротација за да се покријат во смените. Најмалку што можеме е да ги наградиме 10 отсто сите здравствени работници, а како иден премиер ќе предложам до претседателот да се им се додели медал за храброст“, реплицираше Заев на критиките.

Според Заев, Владата покажала целосен капацитет да се справи со здравствената криза, но и со економската и затоа нејзиниот рејтинг пораснла во време на пандемијата.

Мицкоски, во врска со кризата, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предложувало мерки уште во февруари месец, но власта брутално ги одбивала и дека таквото самобендисано однесување не чинело животи и загубени работни места.

„ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки уште од 26 февруари, предлагаше сет на мерки во делот на здравствената заштита, како и сет на мерки коишто ќе ги опфатат и економијата и бизнисот и реалниот сектор“, рече Мицкоски.

Според него,  мерките биле брутално, примитивно одбиени и ниту еден предлог на министерот Наќе Чулев не бил сослушан, а не пак прифатен, ниту се отворила дискусија за предложените мерки од страна на опозицијата.

Мицкоски потенцираше дека брутално беше одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за благајничките записи од НБРМ да бидат пуштени 24 милијарди денари во оптег преку државни записи или хартии од вредност, за да се вратат во банките и за да можат со поволни кредити да ги алоцираат во стопанството, но власта брутално го одбила истиот предлог.

„За два месеца потоа, Народната банка, претпоставувам под диктат на влладеачкото мнозинство, дестилизира отприлика околу 15 милијарди денари од тие благајнички записи, односно тоа се пари кои не ги запишаа како благајнички записи туку им ги вратија на банките и веќе следниот ден ги пласираа на пазарот“, вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека во целата оваа коронакриза опозицијата се однесувала конструктивно и се обидувала да помогне, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ мотив се граѓаните и стопанството, но мерките не биле прифатени затоа што власта се грижи само за своите фотељи.

„Господине Мицкоски, на крај сме на кампањата не мора да бидете толку негативистички. Видовме вашата влада како се однесуваше кон здравствените работници, колку водевте грижа за нив, па се дигнаа на протест бидејќи им беше преку глава. Ние најдовме пари да им дадеме 40 отсто поголеми плати и знаат дека секоја година ќе добиваат уште десет отсто“, рече Заев.

„Природно е, господине Заев, јас сум опозиционер и имам спротивни политики, природно е да не се согласуваме. Вие останете оптоварени со власт и пари, а јас ќе пишувам нова историја“, реплицираше Мицкоски.