Филипче: Можно е да предложиме мерки за границите


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека следните денови Комисијата за заштита од заразни болести ќе ја следи состојбата со развој на инфекцијата со Ковид-19 во Србија и Косово и ако се оцени дека има потреба ќе се разгледа можноста за воведување на одредени мерки за границите.

„Можно е да предложиме некои мерки, во случај да процениме дека ризикот од влегувањето на граѓаните на овие земји во нашата земја може да го загрози нашиот систем“, рече Филипче.