Евзони се уште затворен, се чека на формална одлука од грчката влада


Потребна е формална одлука од Владата на Грција за отворање на границата со  Македонија. Прашање на време е кога ќе се состане грчката влада за да ја донесе одлуката, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Сепак треба формална одлука на грчката влада. Намерата да се отвори границата е пренесена од премиерот на нашиот премиер, […]

Ученици ги создадоа првите Вибер стикери со македонски знаковен јазик


Со цел да се поедностави мрежната комуникација помеѓу младите со оштетен слух и говор, но и да се им доближи знаковниот јазик на сите други корисници на комуникациската мрежа Viber, учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ учествуваа во изработка на стикери, кои се комбинација од македонски знаковен јазик и текст. Во рамки на проектот ,,Одговорна […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има злоупотреби при субвенционирањето на инвертерите


Светлана Колариќ, советничка во Советот на Град Скопје најави пријава до ДКСК за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, поради сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари што требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва,нафта или мазут. -Субвенцијата што требаше да […]

Умерено облачно време со изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Локално ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните подрачја, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. Во Скопје времето […]

Околу 40.000 дози од „Астра зенека“ пристигнуваат денес, утре 100.000 од „Синофарм“


Околу 40 илјади дози од вакцината „Астра зенека“ обезбедени преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во земјава, а веќе утре 100 илјади вакцини од кинески „Синофарм“ кои се донација од кинеската Армија. Од новите дози на „Астра Зенека“, 24 илјади ќе бидат наменети за ревакцинација, а со останатите ќе се вакцинираат оние граѓани […]

Филипче: Сè уште е рано да се тргне препораката за носење маски на отворено


  Откако во САД веќе не е задолжително носење маски на отворено, па и на затоврено доколку некој е вакциниран и во Македонија се размислува во таа насока. – Тоа што мислам дека ќе следи, но не можам да кажам кога точно временски, е да се тргне обврската да се носи маска на отворено и […]

Филипче: Помлади се вакцинираат затоа што постарите веќе се вакцинирале


  По реакциите на јавноста дека се вакцинираат млади луѓе, а акцент не е ставен на оние со хронични болести, министерот за здравство Венко Филипче објасни дека тоа се случило само во некои општини. – Во оние општини или пунктови, каде се пријавиле постари и помлади граѓани, а вакцинирани се сите, тоа се случи затоа […]

(Во живо) Изјава на министерот Филипче – средба со поранешни министри за изградба на нов Клинички центар


Денеска се сретнаа поранешни министри за здравство со актуелното раководство каде се разговарало за изградба на новиот клинички центар. Министерот за здравство Венко Филипче, вели дека се согласиле дека ова прашање долго време се разговара и е актулено, веќе 15 години, а никако да се дојде решение. Тој смета дека сите засегнати чинители треба да […]

Зголемен водостојот на Охридското Езеро


За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 19 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за мај, а пониско е и нивото на […]

ГП Богородица работи нормално, а Евзони уште не е отворен


Најфреквентниот граничен премин Богородица кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, се уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП Богородица. -Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето […]

МОН: За првпат потпишан колективен договор со кој се зголемуваат платите и се унапредуваат правата на вработените во високо образование


Вработените во високото образование и науката од септември ќе добијат за 10 проценти повисоки плати, а ќе им биде исплаќан и минат труд, кој само некои од установите го исплаќале досега, откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК за првпат потпиша колективен договор со Министерството за образование и наука. Независниот академски синдикат (НАкС) […]

Во следните три дена одредени делови од скопските населби без струја


Поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје, во текот на престојниот викенд и в понеделник, од 15 до 17 мај, без електрична енергија ќе останат општините Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Утре без електрична енергија во период од 10 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Охридска“, „Титовелешка“ […]

Од денеска може да се оди во Грција


Од 13 часот денеска е дозволен влез во Република Грција и на граѓаните од Република Северна Македонија преку граничниот премин „Евзони“, соопшти МВР. За влез во Грција е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, 14 дена поминати од ревакцина, признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, а за деца до пет […]

Угостителите пак незадоволни, бараат да работат како да нема ковид


Укинување на ограничувањето на работното време и на одлуката за забрана со работа во внатрешните делови на угостителските објекти или во најмала рака дозвола за работа во внатрешноста на оние објекти кои имаат „златен сертификат“, се дел од барањата што Независната угостителска комора утрово ќе испратила до Комисијата за заразни болести и до Министерството за […]

Скратен полициски час и олабавени мерки до вторник


Полицискиот час од синоќа почна од полноќ и траеше до четири часот изутринава согласно новиот предлог на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки. Олабавувањето на рестриктивните мерки уследи по намалувањето на бројот на новозаболени и хоспитализирани на корона вирусот во изминатиот период и намалувањето на притисокот врз болничките капацитети. Новите мерки, што […]

Зголемен бројот на оздравени од Ковид-19, намален бројот на хоспитализирани


Според вчера објавениот извештај на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се 3803 оздравени пациенти. Тоа е најголем број регистирирани оздравени пациенти од Ковид-19 за еден ден досега. Регистрирани се и 123 нови случаи со Ковид-19 и 17 починати. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројот […]

На „Криволак“ брифинг за претстојната вежба „Одлучен удар 21“


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски денеска на Криволак ќе учествуваат на брифинг за новинари за претстојната вежба „Одлучен удар 21“. Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17  мај до 2 јуни 2021 година на АП „Криволак“ со учество на околу 1500 […]

„Стоиме заедно“ – акција за помош и поддршка на 1.620 семејства


Банка за храна Македонија денеска ја започнува акцијата насловена, #СтоимеЗаедно! #WeStandTogether! #Qëndrojmësëbashku!, во рамки на која ќе бидат подготвени пакети за помош и поддршка на 1620 семејства во 20 општини со што ќе биде заокружена реализацијата на повеќегодишниот проект „ВСС Ефект“ финансиран од ЕУ. Според организаторите, учество и помош во акцијата, која велат е најголема […]

Сончево со мала до умерена облачност, на планините со услови за дожд


Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските региони со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од пет до 10, а максималната ќе достигне од 20 […]

ГП „Евзони“ од утре се отвора за македонските граѓани со негативен ПЦР тест, примени вакцини или позитивен ИГГ


Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за сите граѓани на Република Северна Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела. Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега […]