Првата дама Ѓоргиевска го посети инфективното одделение во болницата во Куманово


Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, денеска ја посети Клиниката за инфективни болести на ЈЗУ Општа болница Куманово. Ѓоргиевска беше информирана за тековните активности и за предизвиците со коишто се соочуваат здравствените работници во оваа клиника. Во таа насока ја нагласи нивната пожртвуваност, посветеност и висок професионализам, […]

Попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер


Локален пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер се очекува  попладне особено во западните делови на државата. На повеќе места ветерот ќе достигне брзина над 60 километри на час, особено на повисоките места во западните делови. Во Скопје, слично време со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. До сабота времето ќе биде сончево со изолирана […]

Филипче: Досега аплицирани 175.348 дози вакцини, вчера се вакцинирале 14.548 граѓани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочува дека желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk  изразиле 330.513 […]

Бројот на активни случаи од Ковид-19 падна на 6.257


Бројките на новите случаи од корона вирусот и натаму се намалуваат, а во голема мерка растат пациентите кои се оздравени. Денеска беа реагистрирани 123 случаи на Ковид-19 од направени 2.598 тестирања што е само 4,7 отсто од примероците. Во последниве 24 часа регистрирани се дури 3.803 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи падна на 6.257. […]

Преминот Богородица подготвен за отворање на границата со Грција


 Пред најавеното утрешно отворање на копнените гранични премини кон Грција, најфреквентниот граничен премин Богородица е подготвен во секој поглед да одговори адекватно на предизвикот и по повеќе од една година повторно да се врати на некогашната секојдневена динамика на работа, изјави денеска за МИА командирката на граничната полиција Јасмина Аврамска. -Имаме доволен број на полициски […]

Еко-свест и Светскиот фонд за природа бараат Пендаровски да го врати законот за дивоградби


Еко-свест и Светскиот фонд за природа бараат од претседателот Стево Пендаровски да го врати во Собранието спорниот закон за дивоградби и да се одржат јавни расправи. -Со контроверзен наслов и контроверзна содржина Собранието вчера донесе Закон за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест и Светскиот […]

Македонскиот офицер нема јужноафрикански сој на вирусот, детектиран е нигерски сој


 Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот. – Според анализите од МАНУ кај војникот детектиран е нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој […]

Во Скопје примени нови 23 заболени од Ковид, затворен ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија


Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани се 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Од утрово поради намален број на пациенти, затворен е ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија.   Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните одделенија во главниот град се лекуваат вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за […]

Мексико Сити тоне по 10 сантиметри годишно поради подземното езеро


Главниот град на Мексико тоне по десет сантиметри годишно бидејќи под него се наоѓа пресушено езеро, тврдат научниците. – Мексико Сити тоне околу десет сантиметри годишно и тешко дека тоа може да се спречи. Овој феномен е забележан од научниците уште на почетокот на минатиот век, се наведува во заклучокот на студијата објавена во научното […]

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам


Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел […]

Полициски час од полноќ до 4 часот наутро, дел од ковид-центрите затворени


Од вечер на полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај. Работното време на угостителските објекти е продолжено до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се […]

Сонце, ветер и малку дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност со услови за краткотраен дожд на северозападот. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. Во Скопје сончево со мала […]

Георгиески: Законот за дивоградби не важи за бесправно изградените објекти во Охрид


Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, по повод вчера усвоениот Закон за легализирање дивоградби појасни дека станува збор за правен акт со кој се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти, но истиот не важи за спорни објекти во рамки на Охридскиот регион. Според Георгиески, Законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното […]

Уште 150 нови случаи на Ковид-19, починаа 16 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, […]

Приведени 11 криминалци во меѓународна истрага во која учествуваше и Секторот за компјутерски криминал и форензика при МВР


Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност, во соработка со Европол и Еуроџаст учествуваше во меѓународна истрага, предводена од полициските служби во Германија, а со координирани активности помеѓу полициски служби од Германија, Бугарија, Израел, Латвија, Полска, Шпанија и Шведска. Криминалните активности се вршеле во повеќе држави во Европа, а се […]

Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски


Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, (ОЈО ГОКК) за одредување мерка притвор, односно продолжување на притворот за лицето Јордан Камчев, осомничен во случајот „Плацеви на Водно”. Оваа одлука на Кривичен суд Скопје, следеше откако денеска ОЈО ГОКК, поднесе обвинение за наведениот случај. Освен за осомничениот Камчев, […]

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција, донација од унгарската Влада


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против Ковид-19, како пријателски чин на Владата на Република Унгарија. Министерот Спасовски […]

Поднесено обвинение за случајот „Плацеви на Водно”: Како Камчев и Груевски купувале земја


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска до Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица, соопштија од ОЈО ГОКК. На обвинетиот Н.Г. според известувањето на обвинителството му се става на товар дека сторил кривично дело […]

Антикорупциска ќе покрене постапка пред Уставен суд за законот за дивоградбите


Државната комисија за спречување на корупцијата ќe поднесе иницијатива до Уставниот суд за вчера донесениот Закон за легализација на дивоградбите. „Ако Законот за легализација на дивоградбите стапи во сила тогаш можеме да ставиме крст на сите други закони. Затоа сме на мислење да поднесеме иницијатива до Уставниот суд, па судиите нека ценат“,вели претседателката на Антикорупциската […]

Вечерва без полициски час, од денес отворени фитнес центрите


Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција информираа за најновите мерки кои се однесуваат на ограничувањето на движењето на граѓаните, како и други мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести.   Со усвоените мерки, забраната за движење почнува од 24 часот и ќе трае до 4 часот наутро, почнувајќи од […]