До вторник променливо облачно и врнежливо, од среда стабилизирање на времето


Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 7.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, врнежливо и посвежо време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, над 70 км/час, и услови за појава на град.

Од среда следува стабилизирање на времето.