Гром удри на плажата во Градиште, 13 повредени
Летниот одмор за многумина денеска можеше да се претвори во вистинска трагедија, откако гром удри на плажата Оревче во познатиот авто-камп „Градиште“ на Охридското Езеро. Громот повреди 13 лица, од кои две, едно од Ресен, а другото од Битола, завршија во болница.
Според информациите од Охрид, четворица имаат изгореници на рацете и нозете. Другите главно се жалеле на претпрениот страв, шок и проблеми со слухот. Брза помош пристигнала на местото на ударот на громот.
Денеска цела Македонија е зафатена од нестабилно време, со врнежи и електрични празнења.