Шилегов го победи корона вирусот, утре се враќа на работа


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вечерва објави на Фејбук дека го победил коронавирусот и дека утре се враќа на работните обврски.

„Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.

И официјално, невидливиот противник е победен.

Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.

Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби ?.

Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме !“, напиша Шилегов.

Тој објави дека е позитивен на корона вирусот пред околу две недели, по што беше во самоизолација.