Заев очекува успешни претседателски избори


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува успешни претседателски избори и постигнување на цензусот во вториот изборен круг,  во спротивно смета би се создало нова политичка криза. -За нас очекувањето е изборите да бидат стопроцентно успешни. Не си дозволувам да коментирам што би било кога би било, очекувам и знам дека цензусот можеме да го […]

„Таргет-Тврдина” продолжува на 11 јуни


Судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”  на СЈО продолжува на 11 јуни со вкрстено испрашување на сведокот Звонко Костовски од страна на обвинетиот Сашо Мијалков и со сослушување на следниот сведок Сашо Трајковски. На денешното вкрстено прашања од одбраната дали првите судски наредби во ипс системот биле на јануари 2015 година, сведокот Костовски рече […]

Тетовскиот регион брои 181.933 граѓани со право на глас


Во шестте општини на тетовскиот регион во недела на претседалските избори можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места. Најмногу избирачи има во општина Тетово, со 83.367 гласачи на 117 избирачки места. Следува Боговиње со 27.501 гласачи и […]

Трендафилов: Во Охрид не смеат да се обележуваат територии со изградба на 32 метарско минаре


Михаил Трендафилов Нанче последното обраќање до гласачите пред предизборниот молк го искористи за да укаже на прашањето за кое што истакна дека го мотивирало да се кандидира за градоначалник на Охрид, а кое, според него, било одбегнувано за време на соочувањата на кандидатите. – Пред да разговараме на било која тема за Охрид, мора со […]

Глас за минатото, иднината или за непознатото?


Многу работи ќе станат појасни в недела навечер откако ќе се затворат избирачките кутии за шестите претседателски избори. Иако првиот изборен круг не е одлучувачки, сепак, не само што ќе биде показател за крајниот исход од гласањето туку и ќе даде почиста слика за довербата на гласачите во главните политички актери по турбулентните процеси што […]

Денеска почнува дел од теренската вакцинација, а остатокот од понеделник


Тимовите во здравствените домови кои се подготвени ќе почнат денеска со теренска вакцинација во училиштата, а тие на кои им е потребна малку поголема подготовка ќе почнат од понеделник. Може да бидат присутни родителите, а тоа е со цел да се зачува здравјето на тие деца, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека […]

Опасност за ширење на епидемијата од морбили, бројот на заболени е 121


Од 13 април до денеска во државава се регистирани 121 заболен од мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), што е за пет помалку споредено со неделата пред неа кога беа пријавени 126 случаи, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. По спроведената засилена вакцинација, […]

Јанакиески на распит во Обвинителството за „27 април“


Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „27 април“. Јанакиевски кој се наоѓа во куќен притвор, се товари дека е еден од организаторите на нападите во Собранието од 27 април 2017 година, заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски […]

Започна гасификацијата во Чаир


Општина Чаир од денеска и официјално го започна процесот на гасификација на целата нејзина територија. За таа намена со ГА-МА АД Скопје беше потпишан договор за приклучување во системот за пренос на природен гас на детската градинка „Снежана“, основното училиште „Исмаил Ќемали“ и на административната зграда на Општина Чаир. -Со приклучувањето на првите три објекти […]

Пендаровски: Гласот за мене е поддршка за политиките на единство, мир, стабилност и сигурен економски развој


В недела сте исправени пред јасен и недвосмислен избор. Од една страна може да гласате за Силјановска и со тоа да гласате всушност за Груевски и Мицкоски. Со тој глас вие гласате за враќање назад, за нови поделби, блокади и изолација. Или, пак, да гласате за мене и да ги поддржите политиките на единство, на […]

Филипче: Се уште е мал процентот на вакцинирани деца и затоа има нови случаи на морбили


Се уште е мал процентот на вакцинирани деца и затоа има нови случаи на морбили. Од вкупниот процент невакцинирани деца сега во Скопје и надвор од Скопје се вакцинирани 45 проценти. Вкупниот број невакцинирани деца беше 10 отсто од вкупниот број деца кои подлежат на вакцинација. За жал процентот на вакцинирани деца од вкупниот број невакцинирани надвор […]

ССМ со синдикален марш ќе го одбележи 1 Мај


Под мотото „Не може да се одлучува за нас, без нас“, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе одржи синдикален марш  на 1 Мај –  Денот на трудот, на кој ги повикува сите членови на синдикатот, работници и граѓани. Синдикалниот марш ќе почне во 11 часот пред зградата на ССМ на 1 мај. Мотото на […]

„Охридско лето“ на третото место меѓу стотина европски фестивали


Фестивалот „Охридско лето“ е рангиран на трето место во Европската асоцијација на фестивали што вклучува стотина такви манифестации од 40 земји, оценија делегатите на годинашното Генерално собрание на ЕФА што се одржа во Лисабон. Високото признание за нашата најголема музичко-сценска манифестација се должи, пред се, на квалитетот на програмата понудена во изминатите 59 години, врвните […]

Судењето за предметот „ТНТ“ одложено за 15 мај


На 15 мај ќе продолжи судењето за предметот  „ТНТ“, на Специјалното јавно обвинителство (СЈО)  за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски. Судијата Осман Шабани го одложи денешното рочиште поради службено отсуство на судијата Огнен Ставрев. За предметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски […]

Велики петок, 26 април, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Силјановска ја засили љубовта кон Албанците


Како што се приближува неделното гласање во првиот круг од претседателските избори, така сè поочигледно претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ја засилува реториката со која се обидува да се приближи до албанскиот електорат и на тој начин да го направи (не)возможното – да го санира јазот кон овој етникум што го создаде партијата што […]

Од денес вакцинација против морбили во сите училишта


Поради прогласувањето епидемија на морбили на територија на цела држава, од денеска ќе почне теренска вакцинација на учениците во сите средни и основни училишта, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми. Очекува дека оваа теренска вакцинација ќе биде успешна, ќе даде резултат и ситуација со морбилите ќе се надмине. Подвлече дека министерствата за здравство […]

Ахмети: ЗА ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието


Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека за нив е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. – Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли […]

Ајде на избори, сè е подготвено


Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе претседателските избори, чиј прв круг е закажан за в недела. Гласачкиот материјал што го изработи битолската печатница „Киро Дандаро“ пристигна во Скопје, од каде што ќе биде распореден низ 80 општински изборни комисии низ земјава. „Сè се одвива беспрекорно и сметам дека в недела ќе нема никакви […]

Завршува кампањата, од полноќ молк пред неделните избори


На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк. Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со […]