Есад Рахиќ нов директор на затворот во Шутка

Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка. Тој доаѓа на местото на Ѓоко Котевски, кој си поднесе оставка во февруари, по инцидентот со обвинетите Спиро Ристески и Миле Јанакиески во дворот на истражниот затвор. Тогаш Заев побара оставка од Котевски.

Оставката му беше констатирана веднаш, но за именување на новиот директор се чекаше да завршат претседателските изборите.

Рахиќ беше пратеник на СДСМ од 2002 до 2006 година, кога беше исклучен од партијата и во вториот пратенички мандат дејствуваше како независен.