Дебата на УЈИЕ за спроведување на Законот за употреба на јазиците


Подигнување на јавната свест за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците беше насловена тркалезната маса одржана на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во соработка со Генералниот Секретаријат на Владата и Агенцијата за спроведување на Законот за  јазиците.

Пред студентите и професорите свои пригодни излагања имаа ректорот Абдулменаф Беџети, заменик генералниот секретар во Владата Тахи Хани и директорот на агенцијата Илбер Села.

-Јазикот е ткиво на идентитетот на секоја нација и затоа УЈИЕ е најуникатниот пример и модел на почитување на овој идентитет со примена на повеќејазичноста многу порано од усвојувањето на Законот за јазици. Кодексот на толеранција, флексибилно користење на јазиците и мултиетничките специфики го обележуваат УЈИЕ пример модел на општеството за сите, рече ректорот Абдулменаф Беџети.

Во својот говор, заменик-генералниот секретар на Владата Тахир Хани, рече дека УЈИЕ не е избрано случајно како место каде што ќе ја започне оваа кампања, со оглед на политичкиот момент кога е воспоставена оваа институција и јазичните бариери кои биле усвоени, иако имало забелешки на тоа.

-Јазичниот модел на УЈИЕ е доказ за тоа како треба да функционира мултиетничката и повеќејазичната држава. По дебатите ќе донесеме владина програма за промовирање на Законот за употреба на јазиците,рече Хани.

На дебатата беше најавено дека ќе соработуваат Агенцијата за спроведување на законото за употреба на јазиците и УЈИЕ.

– Студентите да реализираат практична работа во институцијата, а искусните професори на Универзитетот да се ангажираат и да бидат стручни советници во Агенцијата, истакана директорот на Агенцијата Илбер Села.

Во дебатата, со предлози, идеи и критики учествуваа професори, претставници на раководството и други експерти кои ги искажаа своите ставови по ова прашање.