На море во Дојран (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Во стар чун или под сламен чадор, на кејот или со крапче во чинија, ќе уживаме ова лето во Дојран како на море. Досегашната практика, да се преспие во Дојран пред да се замине во Грција ќе почека до отворање на границите и за нас,и за туристите од регионот, а дотогаш ќе се капеме во топлото езеро и ќе уживаме во изборот на голем број плажи, ресторани и кафулиња, на дистанца, со почитување на мерките и носење на заштитни маски.

Фук-Так плажа – Стар Дојран

И за време на карантинот, и сега, за викендите, а за некои и избор за годишен одмор, Дојран останува привлечна дестинација каде можете поевтино да поминете со мирисот на морето, отаде границата.

Градска плажа – Стар Дојран

Во Дојран минатиот месец со засилено темпо се изведуваа работите за санација на оштетениот дел од крајбрежјето на Дојранското езеро каде на потегот од плажата ЕЛЕМ до „Стара Мрдаја“, се уредуваа нови плажи и разурнатиот дел од рекреативната патека.

Градска плажа – Стар Дојран

И традиционалниот „Д фестивал“ кој требаше деновиве да се одржи, е одложен за август.

Плажа Николиќ – Дојранско Езеро

Ви пренесуваме дел од амбиентот викендов во Дојран, благодарејќи на фото-галеријата на нашиот фоторепортер Борис Грданоски.

Плажа Сретеново – Дојран
Фук-Так плажа – Стар Дојран
Градска плажа – Стар Дојран
Рибарење во Стар Дојран
Реформ плажа – Стар Дојран
Фук-Так плажа – Стар Дојран