Филипче: Наесен вирусот побрзо ќе се шири


Фото: Б. Грданоски

– Наесен вирусот ќе биде посилен и побрзо ќе се шири. Луѓето нема да може да бидат надвор. Ќе бидат внатрек каде инфекцијата може побрзо да се шири – вели министерот за здравство Венко Филипче.

За да се подготви здравствениот систем, Филипче разговарал со директори на болници од повеќе градови. Исто така се размислува студентските домови да се користат како сместувачки центри за болни од Ковид-19. Таму има услови, има и кујни, но дополнително со Министерството за обрзование треба да се договори тоа.

– Работиме на подготовка на капацитети за есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на болници и разгледуваме евентуално дополнителни капацитети кои би се користеле како болнички, може и студентски домови во Охрид и Битола, рече Филипче.