Гир: Регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ


Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, рече дека регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ, туку служат да се донесат клучни играчи за да отворат дискусија за прашања од заеднички интерес и сето тоа е поддржано од Унијата. – Се наоѓаме во време кога имаме одреден […]

Министерството за правда ќе ги испита случувањата во Судскиот совет


Случувањата во Судскиот совет го натераа Министеерството за правда на потез без ореседан- да се замеша во случувањата околу смената на актуелниот претседател, иако ова тело е дел од независната власт.    -Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган […]

Јолевски: Ако имало тргување со влијанија, требало да биде пријавено со конкретни докази


Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во изјава за медиумите истакна дека изјавата на јавниот обвинител Ленче Ристоска околу тоа дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира е пратена до Етичкиот кодекс во Јавното обвинителство и по нивното произнесување, тие на посебна седница ќе […]

(Видео) Седница на Судски совет


Откако претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева вчера беше разрешена од функцијата, денеска се бира нов претседател. Проследете ја седницата во живо:

Герасимовски: Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети


Општина Центар информира дека заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, бидејќи е исполнета квотата за субвенционирање.  Во рамките на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, општинските власти субвенционираа вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од […]

Продолжува „војната“ во Судскиот совет, новинарите оставени пред вратите


  Седницата на Судскиот совет која вчера театрално ја закажа потгпретседателот Селим Адеми за 11 часот сѐ уште не е започната. Наводно таа е одложена за 13 часот. Внатре по канцеларии, на мали и поголеми колегиуми, продолжува „војната“ меѓу неговите членови. Новинарите се оставени пред вратите. Од надвор се слушаат расправии на висок тон.Јасно е […]

Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за првомајскиот викенд


Сите сместувачки капацитети во Дојран се распродадени за претстојниот првомајски викенд, информираа од Општината. И во приватното и во хотелското сместување нема слободни места, а дојранци очекуваат рекордна посета за викендот. -Ако се суди по интересот за Дојран за првомајскиот викенд, тогаш можеме да сметаме и на добра туристичка сезона. Отсекогаш посетеноста за Први Мај […]

Официјално промовирана iOS верзијата на апликацијата за лицата со оштетен вид „Кико и Хана“


Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица денеска официјално ја промовираа верзијата за iOS уреди на софтвер-апликацијата за лицата со оштетен вид на македонски и албански јазик, симболично наречени Кико и Хана, која им овозможува пишан текст да слушнат и […]

Џафери: Во процедура е координацијата за презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ пред пратениците


Писмото од премиерот Димитар Ковачевски со кое се согласува да им биде презентиран Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д на пратениците со безбедносен сертификат е во Собранието и координаторите на пратеничките групи веќе се известени. На која Комисија и колкумина пратеници со безбедносен сертификат ќе присуствуваат на презентацијата на Договорот се уште не […]

ДЗР: Буџетските средства од ДИК за партиите делени без јасни критериуми


Постоење на необјективни и јасно мерливи критериуми за распределбата на јавните средства за платено поФИлитичко рекламирање и за распределба на дополнителните средства за вториот круг од локалните избори, констатирал Државниот завод за ревизија по извршената ревизија за усогласеност на „Исплатените средства од Државната изборна комисија за извршување на изборните дејствија за спроведување на локалните избори […]

За инцидентот на изложбата на македонскиот ликовен уметник МНР ja повика грчката амбасадорка Софија Филипиду


 За инцидентот во Солун, кога за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале, известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, соопшти МНР. -Иако […]

Маскирани членови на Златна зора упаднаа на изложбата на Сергеј Андреевски во Солун


  Со маски на лицата, капчиња и качулки за да ги скријат нивните лица, група членови на Златна зора, која со судска одлука е прогласена за криминална организација, упаднаа во галеријата на солунската општина Каламарија, каде што е во тек изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, јави дописничката на МИА од Атина. Во објавено […]

По незаконското разрешување на Дамева, денес најавен незаконски избор на нов претседател


  По насилничкото и незаконски  упад вчера во  Судскиот совет и  разрешувањето на претседателката  Весна Дамева, заменикот-претседател Селим Адеми за денеска во 11 часот незаконски закажал и седница, со назнака „итна“ на која ќе се избира нов претседател на Судскиот совет, без да ѝ се даде можност за жалба и да добие формална одлука. Со […]

Владимир Мартиновски е избран за декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“


Од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“  информираа дека научно-наставниот совет, преку гласање, го избра новиот декан на факултетот, Владимир Мартиновски. Мартиновски е избран за декан за мандатниот период од 15 септември 2023 година до 14 септември 2026 година. Мартиновски дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, каде што и магистрирал во 2001 година на тема […]

„Денови на филигранство и накит“ во Скопје Сити мол


Од 4 до 7 мај, во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со Занаетчиска комора Скопје ќе бидат отворени „Денови на филигранство и накит“, настан на кој ќе се претстават 23 „артизанс“ индивидуалци – уметници. Ова е единствена можност на едно место да се видат рачно изработени уметнички форми на накит од сребро, […]

Герасимовски: „Маркеза“ почнала да гради за да ја задржи правосилноста на градежната дозвола


Откако по пријави на граѓани општината беше информирана дека на Водно има повторно градежни активности, денес на терен излегоа инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар. По извршениот увид, составен е записник и постапувајќи по Законот за заштита на урбано зеленило, поведена е постапка за санкционирање на фирмата која што копала. Што се […]

Општина Центар ќе го одбележи роденденот на Горан Стефановски


 Општина Центар и оваа година ќе организира настан „Прослава на роденденот на Горан Стефановски“ и соопшти дека годинашното одбележување ќе биде потенцирање на  љубовта на драмскиот автор кон рокенролот. По тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс во режија на Јордан Симонов, кој ќе вклучува извадоци од претставата „Лонг плеј“ на Стефановски. Во перформансот ќе […]

Промоција на „Кико“ и „Хана“ – апликација за лицата со оштетен вид


Министерството за информатичко општество и администрација во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Националниот сојуз на слепи лица, денеска ќе ја промовираат новата софтвер – апликација за лицата со оштетен вид, на македонски јазик и албански јазик, симболично наречени „Кико“ и „Хана“, сега достапна и за iOS уреди. Најавено е дека […]

Форум за дигитализација на државните универзитети во земјава


Форумот за образовни промени (ФОП) како дел од иницијативата #DigiU денеска ќе организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Според најавата на ФОП, меѓу панелистите на форумот ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Aзир Алиу и заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу. Ќе учествуваат и ректорите на […]

Сончевото време се враќа, но ќе дува северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Долж Повардарието и во источните делови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе […]