Почина Трипун Карапетров, еден од доајените на македонската дипломатија


Долгогодишен дипломат во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во СФРЈ и во македонското Министерство за надворешни работи, Трипун Карапетров, почина на 83-годишна возраст. Тој работеше во дипломатските мисии во Варшава и Москва, а по 1991 година даде голем придонес за отворање на Македонската амбасада во Руската Федерација и продлабочување на политичките и економските односи на […]

Ермонд Незири нов член на Советот на јавни обвинители


Скопскиот обвинител Ермонд Незири денеска е избран за член на Советот на јавни обвинители од редот на заедниците кои не се мнозинство во земјава. Како што информира Комисијата за спроведување на изборот на прес-конференција доцна попладнево, од вкупно 139 обвинители кои го искористиле своето гласачко право, за Ермонд Незири гласале 117, а за вториот кандидат […]

Охрид се штити само на хартија, порачаа преставниците на Бернската конвенција


Плановите да се имплементираат во пракса, а не само на хартија –  порача претставникот на Бернската конвенција по средбата со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и претставниците на другите надлежни институции. Меѓу приоритетните забелешки е студенчишкото блато, дивоградбите на крајбрежјето и заштитата на езерото. Одречно “не” за изградба на марина во Студенчишкото блато или за […]

БЕСА: Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е разрешена спротивно на законот и демократските вредности


На денешната седница на Судскиот совет, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, беше арбитрарно разрешена, спротивно на законот и демократските вредности, само затоа што на дневен ред стави точка за отчет на судиите кои го застарија делото за Мијалков, смета партијата Беса. Од партијата велат дека со ова се потврдува дека судството е заробено од […]

Не се знае кога пратениците со безбедносен сертификат ќе го видат договорот со „Бехтел и Енка“


  Нема информација дали Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д е стасан во Собранието и дали тој ќе биде доставен до пратениците со безбедносен сертификат или само ќе им биде презентиран. Од Кабинетот на претседателот на Собранието велат дека штом ќе имаат информација за тоа ќе информираат.  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека веднаш […]

ЈЗУ Клиничка болница-Битола: Лажна е веста за починато бебе во болницата


 Д-р Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“- Битола, во изјава за МИА истакна дека лажна е веста за починато бебе по породување на мајката, која во текот на денот беше објавена од медиуми во земјава.  – Ја известувам јавноста дека лажна е веста за наводно починато бебе по породување на мајката. […]

Универзитетот во Тетово нуди 92 студиски програми за упис на нови студенти


Универзитетот во Тетово денеска организираше „Отворен ден“ со цел да се промовираат можностите за студирање на оваа високообразовна институција за академската 2023/2024 година, а воедно имаше и Саем на кариера. Во универзитетските простории беа поставени штандови на сите 13 факултети, со цел матурантите да се запознаат со потребните информации за студирање. –Студентите и вработените ги презентираа понудите за новата […]

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев


Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје, и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје спрема обвинетиот и обвинетото правно лице. – Советот на […]

Да бидеме хумани – Пунктови за донација на облека поставени во неколку скопски претпријатија


Црвениот крст на град Скопје ја одбележува Неделата на солидарност со хуманитарна акција за донација на облека.  Заедно со јавните претпријатија на град Скопје Градски паркинг, ЈП Водовод и канализација, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена спроведува активност за заедничко поттикнување хуманоста и еколошката свест преку донирање на облека. -Приклучете се на хуманитарната акција за […]

Стојанов: Динамиката на решавање на проблемите на граѓаните не зависи само од Општина Неготино


Динамиката на решавање на проблемите на граѓаните не зависи само од Општина Неготино, напиша денеска на својот Фејсбук профил,  градоначалникот Горан Стојанов. – И покрај најдобрите и искрени намери како градоначалник, Совет на општината и локална администрација, секогаш и во секое време да им излеземе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните на општина […]

Разрешената директорка од градинката во Гази Баба го демантира градоначалникот


Откако вчера, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“, затоа што ревизијата покажала незаконско работење, денеска таа го демантира, а обвинува и дека за разрешувањето дознала од медиумите, додека таа била на боледување поради болно дете. Нејзиниот демант ви го пренесуваме во целост: Јас, Анета Петровска, […]

Општина Центар и годинава ќе организира настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“


Општина Центар и годинава ќе организира настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ со кој традиционално го чествува роденденот на познатиот македонски драмски писател, 27 април. -Годинешново одбележување ќе биде во насока на потенцирање на неговата љубов кон рокенролот и по тој повод ќе биде изведен музичко-драмски перформанс кој ќе вклучува извадоци од неговата театарска […]

Боранка станува Боренка: Извидниците ќе пошумуваат опожарени подрачја


Боренка е приказна чиј носител е Сојузот на извидници на Македонија. Идејата за истата е реплицирана од успешната Боранка, имплементирана од Сојуз на извидници на Хрватска уште од 2018. Боренка започнува како пилот проект поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Активностите во следните 18 месеци ќе се спроведуваат благодарение на поддршката од Министерството за […]

„Војната“ на секој против секого во Судскиот совет заврши со смена на претседателката Дамева


  Ако писмото на американската амбасадорка Ангела Агелер е испратено секаде каде што е потребно, како што денеска изјави премиерот Димитар Ковачевски, тогаш ефектите од него во Судскиот совет се трауматични. Всушност, воинствени. Тие денеска завршија со разрешување на претседателката Весна Дамева. Најдолговечниот член на Судскиот совет, потпретседателот Селим Адеми, кој е во ова тело […]

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите


Во вчерашната акција на Кванташки пазар инспекторите на Државниот пазарен инспекторат во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи одземале над 15 тони овошје и зеленчук, соопшти на денешната прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши. Тој потенцира дека прекршочни пријави ќе има за управителите на „Кванташки”- компанијата Анмарк Мк ДООЕЛ. Како […]

Реконструирана улицата „Рузвелтова“ 


Екипи на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, на  потегот од булевар „Илинден“ до булеварот „Партизански одреди“. Оваа значајна  сообраќајница е обновена на површина од 7.350 м2 и во должина од 600 метри, со  што се овозможува зголемена безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој  дел од градот.  Градежните активности за реконструкција […]

Бројот на вработени во јавната администрација е 129.374, а намален е за 2.714


Годишниот извештај за податоците за вработените во јавниот сектор за 2022 година покажува дека бројот на вработените во јавниот сектор изнесува 129.374 лица. Тие својот работен ангажман го остваруваат во 1.354 институции. Бројот на институции во однос на 2021 година е згомелен за осум институции. – 60 отсто се на локално ниво, а 40 отсто […]

Бранителите на Канческа Милевска побараа ослободителна пресуда


Бранителите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ во предметот „Тендери“, побараа ослободителна пресуда на денешните завршни зборови во Основниот кривичен суд Скопје. Адвокатот Сашо Дуковски побара од Судечкиот совет, при оценката на сите релевантни факти, да го има предвид, како што рече, решителниот […]