Утре и задутре сончево, за викендот повторно дожд


Во следните два дена ќе преовладува сончево време, утре со засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, особено во петок, соопшти УХМР. За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Инспекција во Советот на Битола утврдува кој е во право околу контроверзната седница


  БИТОЛА – Вишиот државен инспектор за локална самоуправа, Раим  Муслиу, денеска влезе во Советот на Општина Битола да ја утврди законитоста на седницата која предизвика политичка криза во функционирањето на Советот и Општина Битола. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, побара вонреден инспекциски надзор, откако ја прекина седницата по заминувањето на 11 советници на СДСМ. […]

Камион удри во џип во Автокоманда, што застанал на пешачки


Утрово се случи сообраќајна незгода на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, кога камион удри во џип. Џипот застанал на пешачки премин за да ги пропушти пешаците, по што камион удрил во него. Повеќе детали за сообраќајната незгода се очекуваат наскоро.

Завршни зборови за случајот „Тендери“


Во Основниот кривичен суд Скопје со давање завршни зборови од одбраната денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“. […]

Земјотреси утрово во Струмица и Штип


Рано утринава регистрирани се два земјотреса од кои првиот бил 120 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Првиот земјотресот бил регистриран во 4 часот и 55 минути со […]

Охрид СОС алармира: Се бетонира Охридското езеро од албанска страна


Невладинта организација „Охрид СОС“ алармира дека градежни машини бетонираат од албанската страна на Охридско Езеро, кај селото Тушемишта. Тоа се гледа и од фотографиите што ги објави со реакцијата. -Додека албанските власти во извештајот доставен до УНЕСКО наведуваа некакви проекти за заштита на Охридскиот регион, споделуваа фотографии од средби и настани, на терен деновиве се […]

(Фото) Попова Шапка денеска под снег


Попова Шапка, денеска се разбуди под снег. Како и повеќето високи планини  на западот од земјата и оние високите во централното подрачје, утрово се прекриени со дебела снежна покривка. Иако, сме на прагот од мај, сепак, зимата ги покажува своите последни убавини за оваа сезона. Погледнете ги фотографиите кои на социјалните медиуми ги споделија од […]

Центар реновира улици само во Дебар Маало, Клинички и Кале се заборавени


Не е исто да шеташ по добар тротоар и по патека со извадени плочки. Не е исто да возиш велосипед или автомобил по осветлена и мазна улица и по темна улица полна со дупки. Инфраструктура е збор кој делува апстрактно, но e содржана во она што го нарекуваме квалитет на живот, велат од Шанса за […]

Најмногу дожд во Крушево 25 литри на метар квадратен


Најмногу дожд 25 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Крушево, 23 литри во Тетово, 17 во Виница, 16 во Охрид, 15 во Лазарополе, 14 во Маврови Анови, 13 во Пожаране, 11 во Берово и Прилеп, 10 во Струмица, девет во Скопје-Петровец и Штип, осум во Демир Капија, Ѓуриште и Тополчани, седум во […]

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег


Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта препорачуваат многу внимателно возење. Вообичаено најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста […]

„Денарот го славиме!“ – 31 година монетарна самостојност


Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка. – Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка […]

Облачно, врнежливо и посвежо


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до […]

Претседателот Пендаровски го додели Признанието за придонес на припадниците на дијаспората


  Претседателот Стево Пендаровски вчера го додели Признанието за придонес на припадниците на дијаспората. Добитници на признанието се Софи и Митре Кутановски од Соединетите Американски Држави, а истото им се доделува за нивниот придонес во поттикнување на економскиот развој на селото Радожда и регионот, како и за продолжување на програмата „Атанас Близнакоф“ и стипендирање на […]

Овошјето и зеленчукот запленето во акцијата на Кванташки, донирано на повеќе установи


По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар, запленетите количества овошје и зеленчук беа донирани во установите каде што е најнеопходна ширум земјава, соопштија од Агецијата за управување со одземен имот.  За прв пат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана до институциите, се вели во соопштението. Донации од запленетите овошје и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 26 април 2023 година, 116-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 249 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 49 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Почина Франсоа Леотар, посредникот во преговорите за Охридскиот договор


  Во вторникот попладне на 81-годишна возраст почина Франсоа Леотар, поранешен француски министер за култура, а потоа и за одбрана, кој беше европски претставник во преговорите за завршување на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Американскиот претставник беше Џејмс Пердју. И тој е веќе покоен. Веста за смртта на Леотар прв ја објави на […]

Бугарите од Македонија со писмо до Ковачевски бараат да бидат дел од групата за уставни измени


  Прво македонската влада го одби барањето на Бугарија да учествува во комисијата што треба да ги подготви уставните измени, а сега слична желба изразија и Бугарите од Македонија. Тие тоа му го предочиле со писмо до премиерот Димитар Ковачевски во писмо во кое предлагаат да се вклучат и нивни претставници. Оправдувањето за ваквото барање […]

Шведски и кавадаречки средношколци пошумуваа кај одморалиштето Михајлово


 Шведски и кавадаречки средношколци пошумуваа кај одморалиштето Михајлово, информираа попладнево од Земјоделско-шумарското училиште ,,Ѓорче Петров” од Кавадарци.  – Домаќини сме на нашите пријатели од Шведска, до петок. Ни гостува група на ученици од нашето пријателско средно училиште „Курт Николин Гимнасиет“од Шведска. Успешната соработка продолжува и оваа година. Учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ се дружеа со […]

Владата ги утврди предлог-измените на Законот за АВМУ


 Владата на денешната 149 седница го утврди текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Како што соопшти владината Прес-служба, според образложението од предлагачот, Министерството за информатичко општество и администрација, со измените се усогласуваат одредби во Законот со законодавството на Европската Унија. Министерот за информатичко општество […]

Утре целосно затворен автопатот А1 кај клучката Демир Капија


Од утре почнуваат градежни активности на Државен пат А1, од Демир Капија кон Неготино, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија. Сообраќајот ќе биде пренасочен на Регионалниот пат Р1102, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот […]