Таравари медијатор меѓу Меџити и Јовев


Фото: Б. Грданоски

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се слушнал со министерот за здравство Фатмир Меџити и со докторот Сашко Јовев околу случајот со разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија.

-И двајцата ми се пријатели. Секоја чест и почит кон доктор Јовев. Јас би сакал да објаснам дека секој доктор не е доктор ако не собере 150 луѓе пациенти, секогаш би се солидаризирале. Тој не е изваден од работа, продолжува да работи и од денеска е само доктор. Денес има брифинг министерот за здравство и не би сакал да зборувам во негово име, го слушнав и знам дека добив загрижувачки информации за еден менаџер дека се води на работа 30 дена и дека нон-стоп е активен, рече Таравари.

Според Таравари, кој е поранешен министер за здравство, има посебна институција која се вика инспекторат и која констатирала одредени нерегуларности во Клиниката за кардиухирургија.

-Ако има злоупотреба во работењето, а мислам дека има, тогаш министерот има обврска да спроведува здравствени политики. Тој треба да придонесе што подобро да се менаџираат здравствените установи, кажа Таравари во емисијата „Само вистина“.

Меџити за денеска најави прес-конференција на која треба да ги обелодени деталите и точните причини за смената на докторот Јовев од директорското место на Кардиохирургија.