Жителите на Слупчане не дозволуваат ЕВН да ја реконструира мрежата, должат милион евра


Фото: Б. Грданоски

Околу 200 селани го блокирале влезот на селото Слупчане и не им дозволиле на екипите на ЕВН да почнат со работни активности за реконструкција и модернизирање на мрежата.

Екипите на ЕВН добиле закани по живот во кумановското село, по што морале да си заминат, а компанијата ќе го информира Министерството за внатрешни работи (МВР) за инцидентот.

-Сѐ додека корисниците не дозволуваат да се работи, ќе се соочуваат со прекини во снабдувањето и сериозни дефекти како резултат на контуинирани кражби и злоупотреби во мрежата. Дефектите ќе се отстрануваат само доколку се создадат нормални услови за работа, информираат од ЕВН.

И додаваат дека годишните загуби на струја во селото изнесуваат над 1 милион евра. Годишно, 80% од потрошената електрична енергија се краде, а само 20% се наплаќа. Со исти вакви проблеми евн долги години се соочува и во Арачиново.