Арсовска ќе им додели награди на матурантите – првенци на генерација
Под покровителство на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска во Младинскиот културен центар – Кино „Фросина“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“.
Арсовска ќе им врачи специјални признанија и парични награди на 29 матуранти – првенци на генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генерација за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија, од 23 скопски средни училишта.
Манифестацијата ја организира Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, во рамки на програмските активности на Градот во сферата на образованието, во функција на пошироката јавна промоцијата и афирмација на врвните постигања на средношколците и на иницијатива на Секторот за образование на Град Скопје.