Финансиската полиција поднесе кривични пријави против три физички и три правни лица за даночно затајување


 Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.  Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера […]

Нови 120 дрвца во општина Карпош


Нови 120 дрвца ќе бидат засадени деновиве на повеќе локации во општина Карпош. Дрвцата ќе бидат засадени во рамки на редовната пролетна акција што традиционално ја организира Секторот за екологија и енергетска ефикасност при Општина Карпош. -Општината од својот буџет обезбеди финансиски средства во вкупен износ од 1.400.000 денари со кои ќе бидат набавени листопадни […]

Повредите на работниците државава ја чинат 4 проценти од БДП или 400 милиони евра


Минатата година имало 22 жртви на работно место во земјава, што е за околу 20 отсто помалку во споредба со 2021 година, но за 9 проценти е поголем процентот на повредени на работа. Најголем број смртни случаи на работно место има во земјоделството, покажува Годишниот извештај за несреќи при работа на Македонското здружение за заштита […]

Шукова се координира со колективните постапувачи со отпад


Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставниците на сите шест регистрирани колективни постапувачи со отпад во нашата држава,  денес одржаа консултативен состанок за усогласување и подобра координација на заедничките активности во управувањето со отпадот. Министерката Шукова ги информираше присутните за интензивирање на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со […]

Почна изградбата на мултифунционален спортско-рекреативен комплекс во Лисиче


Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска присуствуваа почетокот на градежните работи за изградба на нов спортско-рекреативен комплекс во Лисиче. Инвестиција целосно обезбедена од општина Аеродром. Муцунски истакна дека во овој дел од општина Аеродром повеќе од 10 години немало ваков тип на инвестиција. „Токму денеска, на оваа локација […]

Општина Неготино субвенционира купување велосипеди и електрични тротинети


Општина Неготино денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците, за купување велосипеди/електрични тротинети за 2023 година.  – Петта година по ред Локална самоуправа Неготино,  со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и електрични тротинети и намалување на бројот на возила што се движат низ градот, на граѓаните […]

Претседателката на Врховен суд апелира да се надмине состојбата во Судскиот совет


  Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми апелира да се надмине состојбата во Судскиот совет во интерес на граѓаните и на државата.  – Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека во овој клучен период за државата, сите чинители во судството мора да го насочат своето дејствување кон остварување […]

Македонец убиен во Бугарија, 14-годишник го избодел со колец


Бугарските медиуми пишуваат дека 49-годишен македонски државјанин е убиен во Сончев Брег од 14-годишник од Несебар. Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со повреди на главата е пронајдено во Сончев Брег. По увидот, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин кој на 24 јануари влегол […]

Петровска со иницијатива за подигање спомен-обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце


Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакрот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје, објави министерката за одбрана Славјнка Петровска. – Овие настани не […]

Најстудено утрово во Берово, Лазарополе и на Попова Шапка


 Утрово најниска темепратура од -3 степени е измерена во Берово, на Попова Шапка и во Лазарополе. Следат Маврови Анови со -2, -1 во Крива Паланка и Крушево, 0 Скопје-Петровец, Претор, Битола, 1 Тетово, Прилеп, Демир Капија, 2 Охрид, Виница, Куманово, Дебар, 3 Штип, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран и 8 степени во Гевгелија. Времето […]

Без вода дел од ул. „Ленинова“


 Поради водоводен приклучок ф 80мм на ул. „Ленинова“ бр 66 во Скопје, изутрина од 08.30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Ленинова“ на потег од ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до ул.„Никола Тримпале“. Како што најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на интервенцијата.

Доделување грантови во рамки на проектот СМАРТ Балкан во „Јавна соба“


Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП информира дека денеска, со почеток во 10:30 часот, во „Јавна соба“ ќе се одржи церемонија за доделување грантови на граѓански организации, правни субјекти и неформални групи во рамки на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан. – Церемонијата за доделување на грантови е наменета […]

Светски ден на безбедност и здравје при работа, лани евидентирани 22 несреќи со фатални последици


По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), денеска во паркот на последната автобуска постројка со број 5 во Ново Лисиче во Општина Аеродром, ќе засади 22 дрвца, а бројот на садници, како што информира здружението, го отсликува бројот на загинатите на работното […]

Студено утро, а преку денот сончево и потопло


Времето денеска наутро ќе биде студено со ниски температури за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје наутро свежо, а […]

Алтернатива ќе бара „меѓународен протекторат“ за правосудството


По скандалозната одлука за разрешување на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, уште еднаш се потврди дека правосудството во Северна Македонија целосно потфрли и тоа станува средство во рацете на политичарите и луѓето од подземјето, соопштија од Алтернатива. „На место да се разреши судијата кој го спасил Сашо Мијалков, со тоа што дозволил застарување на […]

Ќе се реновира плоштадот кај чинарот во Охрид


Предвидената реконструкција и уредување на просторот на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид почна со остранувањето на нефункционалната фонтана, што се наоѓаше во непосредно пред Стариот чинар. – Во овој момент фонтаната ќе биде отстранета, а површината ќе биде соодветно уредена. После добивањето на одобрението за реконструкција на плоштадот веднаш ќе се започне со негова целосна […]

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април


 Со собир пред Собранието на Република Северна Македонија, група на граѓани побараа „слобода“ и „правда“ за обвинетите за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Преку транспаренти „Не требаше ни ден да бидат во затвор, а не со години“ тие побараа ослободување на обвинетите.   – Од тој 27 до денес искрвари Македонија, тие […]

Спасовски: Криминaлитетот намален за 12, 26 проценти


 Во првите три месеци од годинава се откриени 20 случаи на криумчарење мигранти или нелегален влез на 2 654 лица, а кај сообраќајните незгоди и за бројот на жртви во сообраќајните незгоди имаме намалување за 3,6 проценти во споредба со истиот период од лани, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на критиките за […]

Попладнево посебен режим на сообраќај пред Собранието


 Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 18 до 19:15 часот на улица „11-ти Октомври“, пред Собранието, поради најавен собир на група граѓани, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведената сообраќајница. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат […]