(Видео) ЦУК: Големо невреме во Делчево – врнежи од дожд и град, поплавени 60 објекти


Големо невреме проследено со врнежи од дожд и град попладнево го зафати Делчево.

Според информациите од ЦУК, во невремето има поплавени објекти. Во моментот на информирањето, екипите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Делчево во секој момент очекуваат да престане дождот за да излезат на терен и да интервенираат.

 

„Моментално интервенираат ТППЕ Делчево со 2 ПП возила и 5 пожарникари, додека Јавно комунално претпријатие во секој момент се очекуваа да излезат на терен и да интервенираат.

Од 16.30 до 18.20 часот градот Делчево беше зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), каде има поплавено повеќе од 60 објекти во населбата Пролет, ул.„Индустриска“.
 
На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти.
Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија.

Некои од граѓаните споделуваат видеа од невремето.