(Видео) Дождовите го однесоа асфалтот од улиците на Делчево


 

 

Попладнево Делчево беше зафатено со страшно невреме со силен дожд и град. Од пороите се однесени некои улици во градот, асфалтот е речиси сосема изместен, како да е од хартија .

„На улиците се многу жители од Делчево, сами нудат помош и сакаат да помогнат, да се среди хаосот по невремето.

Кога ни е тешко, секогаш сме тука едни за други.Нова улица ќе се изгради, штетите ќе се поправат.

Најбитно од се, сите се живи и здрави, нема повредени од невремето!“ , објави корисник на ФБ од Делчево.