Без вода дел од Карпош и реоните околу салата „Борис Трајковски“ и резиденцијата на г.г. Стефан


Без снабдување со вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од скопската населба Карпош, салата „Борис Трајковски“, базенот „Карпош“, хотелот „Александар Палас“, како и реонот околу резиденција на г.г. Стефан.

Како што информираа од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје поради уличен дефект од ф-100 милиметри на улица „Нобелова“ број 3 во населба Карпош, во периодот од 09.00 часот, па се до отстранување на дефектот, без водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа улица.

Поради изведување, пак, на водоводен приклучок од ф-150 милиметри на булевар „Илинден“ бб (спроти салата „Борис Трајковски“), во периодот од 09.00 часот, па се до завршување на работите, без вода ќе останат објектите на спортската салата „Борис Трајковски“, базенот „Карпош“ и хотелот „Александар Палас“.

Поради уличен дефект пак од ф–2 цола на улица „Скупи“ бб (резиденција на г.г. Стефан) во населбата Кале, во периодот од 09.00 часот, па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од оваа улица, како објектот на „Рибокомерц“ и останатите стопански и нестопански објекти во негова близина.