Општина Ѓорче Петров ќе му помогне на Делчево со 300.000 денари


Градоначалникот Александар Стојкоски информира дека Општина Ѓорче Петров ќе ѝ помогне на Општина Делчево со 300.000 денари за санирање на последиците од синоќешното невреме.

Општина Ѓорче Петров е првата скопска општина која експресно донесе одлука за помош на погоденото подрачје.

-Солидарност со нашиот народ. Советниците на денешната седница донесоа итна одлука за помош на делчевскиот регион кој беше зафатен од силни врнежни што донесе поплавени подрачја. Без разлика на партиска, верска или било каква друга разлика, во моменти на вакви непогоди, наша морална должност е на било каков начин да им помогнеме на нашите колеги, информира Стојкоски.