Привремено преместена полициската станица во Аеродром


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во скопската населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1.

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните.

И во наредниот период граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги и за се што им е потребно можат да се обратат до полициските службеници.

Новата полициска станица ќе ја гради „Еуровиа ДООЕЛ“, фирма која минатиот месец го доби тендерот за изградба на нов објект на полициската станица Аеродром. Вредноста на набавката чиј носител е МВР изнесува нешто над 2 милиони евра.