Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк


Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ ќе се одржи в сабота, 10 јуни, со почеток во 12 часот, во Градски парк – Школка. Настанот ќе го отворат Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје и Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција.Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција.

За музичкиот амбиент со француска музика ќе се погрижат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе. Главен покровител на настанот е винарската визба Тиквеш, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и „Боттега дел Вино“.

Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина. Во случај на дожд, ќе има обезбедено шатори.